fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Воз за Белград ќе нема и догодина, за Солун и Истанбул се чека согласност од Грчките железници

Железници на РСМ-Транспорт го подготви новиот возен ред за 2023 година, кој стапува на сила на 11 декември годинава. Експресниот воз за Белград нема да сообраќа и наредната година, додека за пуштање во сообраќај на најавениот воз од Скопје за Солун и Истанбул се чека на согласноста на Грчките железници. „Со новиот возен ред не е предвиден сообраќај на меѓународниот...

Поништувањето на тендерот за пречистителната станица во Скопје ќе го загрози членството во ЕУ

„Да не сонуваме, нема членство на земјава во ЕУ ако не се изгради пречистителна станица за отпадни води во Скопје и во другите градови. Две и пол години се занимаваме со актуелниот тендер за изградба на скопската пречистителна станица, а ако тендерот на крај пропадне, ќе изгубиме уште три години на нов тендер. Времето на изведба на пречистителната станица...

До крајот на годината тендер за регионалната депонија во Свети Николе, изградбата догодина

Со задоцнување од речиси една година, наскоро ќе се објави меѓународниот тендер за изградба на регионалната депонија во Општина Свети Николе и шесте претоварни станици во Источниот и Североисточниот плански регион. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешниот брифинг за новинарите изјави дека подготвената тендерска документација е целосно ревидирана и до крајот на неделава ќе...

Додека дишеме чад, возењето на дизел урива рекорди во земјава [инфографик]

Почна "натпреварот" на Скопје и другите населени места низ земјава во рушењето на светските рекорди по загадување на воздухот. И додека податоците на сајтот „Iqair“ покажуваат дека Скопје е на светскиот врв според аерозагадувањето заедно со азиските градови како Њу Делхи, Ханој, Лахоре или Калкута и градовите од соседството како Сараево и Белград, најновите статистички податоци покажуваат дека Македонија руши...

Органското производство неразвиено, младите мора да се едуцираат за здравата храна

Органското производство постојано опаѓа, иако побарувачката на органски производи секоја година е сѐ поголема. Според податоците од Државниот завод за статистика, во последната декада површините под органско производство постојано се намалуваат и ниту еднаш не надминале еден процент од вкупните земјоделски површини во земјава, иако според проекциите во Националниот план за органско земјоделство до 2020 година требало да бидат...

Со 50 милиони евра, ќе се подобрува водоснабдувањето во сите општини низ земјава

Високиот процент на загуби на вода за пиење, изведбата на водоснабдителни системи за одредени населени места, реконструкцијата на постојните водоводи и други проблеми со водоводната инфраструктура во земјава ќе можат да се решат со најновиот заем во висина од 50 милиони евра, за којшто земјава денеска го потпиша договорот со Европската инвестициска банка (ЕИБ). Средствата ќе бидат наменети и...

Со ангажирана уметност, единствениот театар на сенки го актуелизира проблемот со малите хидроелектрани

Преку ангажирана уметност, децата и младите може да се едуцираат за заштитата на реките во земјава, велат од театарот „Сенки и облаци“ кои изминатово лето и есенва работеа на мултимедијалниот перформанс со сенки „Флудо“, во соработка со „Еко-свест“. „Сенки и облаци“ е единствениот театар на сенки во Македонија, којшто во изминативе пет години работи неуморно во своите простории во...

По шест месеци, пратениците го усвоија задолжувањето кај ЕБОР за изградба на регионалните депонии

Речиси шест месеци откако Владата на РСМ го испрати до Собранието предложениот закон за задолжување на земјава кај Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), пратениците денеска го усвоија законското решение со кое ќе се обезбеди кредит од 55,3 милиони евра за изградбата на регионалните депонии за пет плански региони. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека...

Акумулациите полупразни со вода, хидроелектраните произведуваат струја помалку од нивниот капацитет

Вештачките акумулации низ земјава се полупразни со вода, а нивниот водостој е под повеќегодишниот просек за овој период од годината поради што и производството на електрична енергија од хидроелектраните во сопственост на АД ЕСМ е помало од нивниот вкупно инсталиран капацитет. Производството на струја од домашните хидроелектрани во услови на енергетска криза ќе биде значајно во претстојниот период, кога...

Загадениот воздух ги завладеа градовите, високи концентрации на ПМ-10 во целата земја

Магла и лош, остар мирис во воздухот што ги дразни дишните патишта и тера на кашлање веќе е реалност во која живеат македонските граѓани. Високите концентрации на ПМ-10 и 2,5 честичките во воздухот се регистрирани и во извештајот за квалитетот на воздухот за изминатата недела кога мерните станици на Државниот автоматски систем за квалитет на амбиентен воздух покажуваат надминување...

Климатски промени: Бројот на врнежливи денови намален, количеството на врнежи лани зголемено [инфографик]

Долготрајни периоди без врнежи кои доведуваат до сушни периоди, по кои следуваат врнежливи денови со големо количество на воден талог што би можело да предизвика поплави или други штети. Вака накратко и поедноставено би можеле да се објаснат климатските промени во делот на врнежите со коишто се соочила земјава во минатата година. Најголем дел од Македонија во текот на 2021...

Скопје со три системи на парно греење што се неповрзани, граѓаните плаќаат различни сметки [инфографик]

Три системи на централно парно греење има во Скопје, кои со години наназад чекаат на меѓусебно поврзување за да се обезбеди рационалност во производството на топлинска енергија, еднакви месечни сметки за парно кај граѓаните, но и можност да се искористи целосниот инсталиран капацитет на топланите во Скопје, што во моментов не е случај. Моменталната состојба укажува дека двата системи што...

Македонија ќе го зајакне партнерството со УНОПС за справување со историските “жешки” точки

Земјава сака да ја интензивира и прошири соработката со Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (УНОПС) за решавањето на проблемите со индустриските жешки точки. За ова се разговарало на работната средба на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини со вршителот на должност извршен директор на Канцеларијата на Обединети Нации за проектни услуги (УНОПС), Јенс Вандел,...

Се испитува загадувањето со линдан на почвата и водите во Пеленица

Ќе се испитува загаденоста на почвата и подземните води на локалитетот Пеленица покрај Драчево, каде што е закопан опасен отпад линдан од ОХИС. Ова е прво испитување на состојбата со животната средина на овој локалитет, откако пред три години беше поставена ограда за да се спречи движењето во контаминираната област. Во Пеленица не се знае колкави количини отпад е закопан,...

Загадената почва од малата депонија со линдан на ОХИС ќе почне да се извезува во Германија

Извозот на земја контаминирана со линдан, која се ископува од малата депонија на ОХИС конечно ќе може да почне, откако е обезбедена транзитната дозвола од Бугарија на која се чекаше подолго време. Почвата, за разлика од линданот, кој се транспортира со брод преку Солунското пристаниште до Франција, ќе патува по копнен пат низ повеќе држави на Европската Унија. Крајната...

Догодина физибилити студија и тендер за нова фирма за чистење на арсенот во Лојане

Во 2023 година ќе се објави нов јавен повик за пронаоѓање концесионер што ќе треба да го отстрани арсенот и другите отпадни минерални суровини од јаловиштето на некогашниот рудник „Лојане“. Од Министерството за економија за Мета.мк информираат дека ја започнале постапката за изработка на физибилити студија за доделување на концесија за експлоатација на техногена минерална суровина од поранешниот рудник...

Депонијата „Русино“ привремено средена, апел до пратениците да го усвојат заемот за нова инвестиција

Наместо расфрлан отпад на сите страни, депонирање на смет којшто се покрива со земја. Наместо протекување на исцедокот од депонијата неконтролирано во природата, изграден е систем за рециркулација на исцедокот од депонијата со канали, бунари и други градежни интервенции за заштита на почвата. Ваква е денешната поправена слика за регионалната депонија „Русино“ кај Гостивар, која што денеска ја посети...

Општините спас од ѓубрето гледаат во изведбата на современите регионални депонии

Во Македонија во моментов има само две регионални депонии што се во функција во Скопскиот и Полошкиот плански регион - „Дрисла“ и „Русино“, но единствено скопската депонија има А-интегрирана еколошка дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, иако и кај неа е неопходно да се инвестира во постројки за секундарна селекција и натамошен третман на собраниот отпад. Воспоставувањето...

ЕУ бара Македонија да ги исполни обврските од Парискиот договор за климатските промени

Македонија да си ги исполни обврските преземени со потпишувањето на Парискиот договор за климатските промени во 2016 година и да го донесе Законот за климатска акција. Ова е една од трите клучни задолженија кои ги доби земјава за наредната година од Европската Комисија (ЕК) во Извештајот за реформскиот напредок кон европските интеграции за 2022 година. „Долгорочната Стратегија за климатска акција...

АНАЛИЗА: ЈСП вози сè помалку патници, а има енормно зголемени расходи [инфографик]

Протестот на вработените од ЈСП-Скопје и вчерашниот сообраќаен хаос во главниот град е уште еден индикатор за алармантната состојба во која се наоѓа скопскиот јавен превоз. Енергетската криза со енормното зголемување на цените на нафтата и метанот, заедно со силното намалување на бројот на превезени патници со ковид-19 пандемијата, доведува до уште поитна потреба од капитални инвестиции во јавниот...

Навивачка објава лажно ја претставува Русија како победник во војната со Украина

Објавата неточно тврди дека Украина ја изгубила војната. Вистиномер веќе пишуваше дека Русија држи само околу 17,5 проценти од Украина и тоа вклучително со Крим и т.н. ДНР и...