fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Заштитата на Матка мрдна еден чекор, Владата го усвои Предлог законот за прогласување на заштитено подрачје

Владата на Северна Македонија на денешната седница го усвои Предлогот на законот за прогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категоријата III - споменик на природата. Со тоа, децениското игнорирање на едно од највредните подрачја во земјава се приближува кон крај, а постапката за заштита направи еден чекор напред. Во следната фаза законот треба да го изгласа Собранието,...

Дваесет отсто од смртните случаи во земјава се последица на аерозагадувањето

Во Македонија речиси 20 отсто од смртните случаи се поврзани со аерозагадувањето. Ова го покажала анализата на Институтот за јавно здравје насловена како „Процена на здравствени ризици од аерозагадување со суспендирани честички“, на која работела доцент д-р Мирјана Димовска од овој Институт. За тоа, што му прават ПМ-2,5 честичките на организмот, кои болести се поврзани со аерозагадувањето, како да...

Со недели доцни скијачката сезона поради топлото време, туристичките центри низ земјава во була

„Многу топол ноември“ и „екстремно топол декември“ е главната констатација на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во изработените месечни извештаи за временската состојба во Македонија за последните два месеци од 2022 година. На скијачките центри во земјава снег немаше паднато до 9 јануари, додека почетокот на скијањето доцни со недели и се очекува да започне дури претстојниве денови, односно...

Увозот на половни возила лани бил намален, расте интересот за купување нови автомобили [инфографик]

По долги години, во Македонија лани драстично опаднал бројот на увезени половни автомобили од странство, за сметка на зголемениот број на увезени нови автомобили. Податоците на Царинската управа на РСМ за 2022 година покажуваат дека лани во земјава биле увезени 24.944 автомобили, заклучно со ноември 2022 година, при што 18.042 од колите се внесени во земјава како стари, додека...

Потпишан договорот со ЕБОР за изградба на современи депонии за пет македонски региони

По долгогодишно одложување на изведбата на регионални депонии по европски стандарди, Македонија денеска го потпиша договорот за обезбедување на заем од 55 милиони евра за воспоставување на регионалните системи за управување со цврст отпад во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Полошкиот регион. Средствата се обезбедени од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а имплементатор на проектот е Министерството...

Годинава ќе се инвестира во пречистителната станица во „Југохром“ за справување со шестовалентниот хром

Министерството за животна средина и просторно планирање во 2023 година ќе го стави фокусот на непречено одржување во функција на пречистителната станица за отпадни води во кругот на фабриката „Југохром“ од Јегуновце, каде се доведуваат на прочистување водите-исцедокот од индустриската депонија со опасниот шестовалентен хром, лоцирана крај реката Вардар во тетовското село Јегуновце. Министерот за животна средина и просторно планирање...

Во Скопје минатиот месец се изнадишавме поопасен воздух во однос на декември 2021 [инфографик]

Наместо да има подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, со текот на времето бележиме поопасен воздух што го дишеме. Главниот град во текот на минатиот месец дишеше поопасен воздух во споредба со декември 2021 година, со поголем број на денови кога се надминати дозволените среднодневни концентрации на ПМ-10 и ПМ-2.5 честички во воздухот, покажуваат резултатите од мерењата на...

Арсеновиот концентрат од Лојане и Табановце треба час поскоро да се извезе, предупредува професорот Стафилов

За справување со арсенот како жешка еколошка точка во Лојане и Табановце годинава најпрво ќе се изработи План за управување со ова контаминирано подрачје, а потоа и ќе се спроведе оградување и покривање на расфрланите количества арсен, антимон и други отпадни минерални суровини на депониите во Лојане и Табановце. Ова го најавуваат од Министерството за животна средина и просторно...

Огромни разлики во загубите на вода кај општините, заемот од ЕИБ треба да се искористи паметно [инфографик]

Во Македонија има драстични разлики кај процентот на неприходувана вода за пиење во водоводните системи, така што претстојниот заем од 50 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) треба да се искористи паметно. Податоците на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) покажуваат дека загубите на вода за пиење кај јавните комунални претпријатија се движи од 14 до...

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Скопје, властите со препораки за празниците

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска го прекина прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Скопје, информираат од ова министерство. „Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3 и епизодата од два последователни дена е...

На локалитетот Пеленица во Драчево има над 40.000 тони линдан складиран без никаква заштита

Високи концентрации на линдан (НСН) покриен со отпад од стакло покажале испитувањата што Министерството за животна средина ги направи на локалитетот Пеленица што се наоѓа над скопската населба Драчево. Опасниот отпад од ОХИС не бил ставен во бетонски базени, како што е случајот со двете депонии во кругот на фабриката, што ја прави Пеленица особено опасна за загадување на...

Државата обезбеди 14 милиони денари за оградување и покривање на арсенот во Лојане

Министерството за животна средина и просторно планирање во буџетот за наредната 2023 година ќе одвои 14 милиони денари за оградување и покривање на депонијата со арсен и антимон во селото Лојане. Станува збор за опасната локација што се наоѓа во кругот на поранешниот рудник „Лојане“ и е на само 100-тина метри од основното училиште „Рилиндја“. Мета.мк и Порталб.мк повеќе...

И денеска високо загадување на воздухот, Скопје 10-ти најзагаден град во светот

Веќе неколку дена по ред, Скопје се наоѓа на листата на 10-те најзагадени градови во светот. Со US AQI индекс на квалитет на воздухот од 170, македонскиот главен град претпладнево се најде на 10-тата позиција на најзагадени градови. Црвениот аларм за нездрав воздух веќе неколку дена е вклучен на веб-страницата IQAir. Претпладнево во Скопје загрижувачко загадување има на речиси сите...

Немаме целосен увид во аерозагадувањето поради старите сервери на министерството

Министерството за животна средина ги следи податоците од мерните станици за мониторинг на загадувањето на воздухот и препорачува мерки, иако граѓаните деновиве немаат целосен увид во моменталната состојба преку веб страницата air.moepp.gov.mk, информираше денеска министерот Насер Нуредини. Причина за тоа се застарените сервери на министерството, кои во моментов се менуваат, а не опремата во мониторинг станиците, за која минитстерот вели...

Скопје денеска е европски град со најзагаден воздух, надминат е прагот на алармирање

Европски град со најголемо загадување на воздухот денеска е Скопје. Според податоците на IQ Air, индексот на квалитетот на воздухот US AQI за Скопје е 174 и градот е влезен во црвената зона на места каде воздухот е нездрав. Скопје утрово е деветти по загаденост град во светот според квалитетот на воздухот. Од Министерството за животна средина и просторно планирање...

Воздухот во Скопје енормно загаден, Министерството за животна средина трет ден не објавува податоци

Магливо време и енормно загадување на воздухот во Скопје има веќе трет ден по ред, а Државниот автоматски мониторинг систем за загадувањето со ПМ-10 честички има последни податоци само за 20 декември. Во меѓувреме, на светската мапа на аерозагадување Скопје се наоѓа на петтата позиција, заедно со Лахоре, Њу Делхи, Сараево и Мумбаи. На специјализираната веб-страница на Министерството за животна...

Над 3.500 жители на Центар селектираат отпад, „ПОЦ“ планира да го прошири проектот

Две години по неговото воведување, проектот „И отпадот има вредност!“ на Општина Центар и јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ (ПОЦ) е прифатен од над 3.500 жители кои вршат селекција на отпадот преку Green Pay картичката, а досега преку вендинг машините се собрани повеќе од 576.800 пластични шишиња и лименки или приближно 12 тони отпад се селектирани и рециклирани. „Во...

Битола и Тетово едвај чекаат да почне изградбата на пречистителните станици за отпадни води

Општините Битола и Тетово очекуваат во најскоро време да започне изградбата на пречистителните станици за отпадни води и да се овозможи пречистување на фекалиите во двата најголеми града по Скопје во земјава. Тендерот за изградба на капиталниот објект во Битола веќе беше објавен на 16 ноември, додека повикот за доставување понуди за изградба на тетовската пречистителна станица ќе се...

Инвестициите во животна средина на 62,7 отсто реализација, загадувачот не секогаш плаќа за хаваријата

Државната програма за инвестирање во животната средина за периодот 2019-2021 година има реализација од 62,7 отсто, а средствата од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) не се доволни за финансирање на активностите во областа воздух и заштита на природата. Само 37 отсто од општините имаат приходи по основ на надоместоци за управување со отпад. Ова...

За Центар и Карпош есенва не се мери аерозагадувањето со ПМ 2,5 честички, Лисиче со мистериозни податоци [инфографик]

Сезоната на аерозагадување во Скопје почна, а податоците од мерните станици за Центар и Карпош за ПМ 2.5 честичките ги нема во месечните извештаи на Министерството за животна средина и просторно планирање. За октомври и ноември 2022 година нема податоци за најопасните загадувачки честички, додека за традиционално најзагаденото место во Скопје - мерната станица Лисиче, мистериозно за двата месеца...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...