fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Мирува расчистувањето на депониите во ОХИС и велешка топилница

Расчистувањето на малата депонија со линдан во ОХИС и депонијата со згура на велешката топилница во моментов е во мирување. Двете најжешки еколошки точки во земјава се најголемите опасности за жителите и за животната средина на Скопје и Велес. Канцерогениот линдан е потврдено дека го има и во воздухот во главниот град и во водите на реката Вардар, а...

Парите од продажбата на ќеси ќе одат за набавка на 7.000 контејнери за селекција отпад

Средствата од продажбата на ќесите од 15 денари во продавниците годинава ќе бидат наменети за набавка на околу 7.000 контејнери за селекција на отпад во сите македонски општини, како и за спроведување на кампања за подигање на свеста кај граѓаните за заштита на животната средина. Ова беше најавено на денешниот брифинг за новинари од новата министерка за животна средина...

Четврти месец сајтот за аерозагадување не функционира комплетно оти министерството ја менува серверската опрема

Веб-страницата воопшто не се отвора или кога ќе стане достапна, не може да се пристапи до месечните извештаи кои ги прикажуваат податоците за мерењето на квалитетот на воздухот во земјава. На овој начин веќе четврти месец функционира веб страницата air.moepp.gov.mk, преку која Министерството за животна средина и просторно планирање треба да ги објавува податоците од мерните станици за аерозагадувањето...

Не знаеме колкави количества на електричен и електронски отпад завршува на депониите [инфографик]

Никој во Македонија не знае колкави количества на отпад од електрична и електронска опрема завршува на општинските депонии. Во реалноста, на секој чекор покрај реките и во доловите крај патиштата може да се пронајдат остатоци од фрижидери, шпорети, телевизори или компјутерски делови кои се составен дел на дивите депонии создадени од граѓаните. Свеста кај граѓаните и дел од компаниите...

Државата не дава пари за заштитените подрачја што самата ги прогласува

Националните паркови немаат континуирано државно финансирање, иако Законот за природа јасно го предвидува тоа, ниту пак општините имаат доволно капацитети за да управуваат со заштитените подрачја на нивната територија. Во земјава од пред две години има четири национални паркови, откако Шар Планина беше прогласен како прв од осамостојувањето на државата. Со него и со прогласувањето на Малешево и Осогово,...

Има надеж за скопската пречистителна станица, министерката Шукова е оптимист

Новата министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска изјави дека досегашниот застој со изборот на изведувач на тендерот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје е во насока на надминување, а во интерес на сите граѓани. „Мислам дека тој проект конечно се движи во добар правец, одредени документи кои требаше да бидат потпишани од...

Подземните извори никој не ги чува, иако без нив речиси цела држава ќе нема вода за пиење

Подземните води во земјава речиси и да немаат никаква заштита, иако цело Скопје и 70 отсто од општините пијат вода од овие извори. Министерството за животна средина денеска промовираше десетгодишна Програма за управување, користење и заштита на подземните води во С. Македонија, што ќе се реализира со поддршка од Швајцарската Влада преку Швајцарската агенција за развој и соработка и...

Пречистителните станици чистат фекалии, ама лани ги „набилдаа“ и сметките за струја на општините

Помалку од половина македонските општини имаат изградено пречистителни станици за отпадни води (ПСОВ), а постоечките минатата година се соочија со огромни тешкотии во работењето поради набавката на електрична енергија на слободниот пазар. Јавните комунални претпријатија едвај успеаја да се справат со месечните сметки за струја, а владата дури кон крајот на годината одлучи нив да ги врати на регулираниот...

Во ОХИС, покрај во погонот за електролиза, жива има и во малата депонија

Во малата депонија со линдан во ОХИС е најдена жива, која во минатото се користела во погонот за електролиза. Токсичниот метал бил откриен минатата година, во текот на чистењето на првата половина од депонијата. За опасноста која демне од живата складирана во ОХИС, но и од историското загадување на зградите, почвата и подземните води во околината се предупредува одамна....

Катастрофален пад на бројот на патници во скопскиот јавен превоз [инфографик]

На градско-приградските линии од скопскиот јавен превоз лани биле превезени нешто помалку од 28,5 милиони патници, што е за фрапантни 15 милиони патници помалку во споредба со бројот на превезени патници што ЈСП-Скопје го имал пред почетокот на ковид-19 пандемијата. За експертите ова се катастрофални резултати во работењето и бараат час поскоро да се вратат приватните превозници во сообраќај...

Живиот свет во реките на кои има мали хидроцентрали е поважен од бизнис интересот на концесионерите

Да се укинат три планирани мали хидроцентрали во Националниот парк „Маврово“ - Жировница 5 и 6 и Рибничка 7, но и да се преземат мерки за зачувување на реките каде што веќе се изградени вакви енергетски објекти, апелираат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“. Од организацијата неодамна упатија писмо до претседателот Стево Пендаровски и до...

Ѓубрето на депонија е безвредно, но неговата селекција и третман може да донесе пари на општините [инфографик]

Комуналниот отпад фрлен на депонија е безвреден, но селекцијата на ѓубрето и нејзиниот натамошен третман на собирните центри или трансфер станици на јавните комунални претпријатија би можело да ја зголеми вредноста на селектираниот отпад и да се постигне финансиски одржлив систем. Оваа порака ја испраќаат експертите во врска со загрижувачката состојба со нискиот процент на селекција на комуналниот отпад...

Возен ред без поаѓања на возови, бројот на превезени патници лани само 400.000 [инфографик]

Патнички возови кои се внесени во актуелниот возен ред, но не сообраќаат. Нервозни граѓани кои се упатиле до железничките станици, но не успеале да се информираат дека поаѓањето на возот е откажано. Веќе подолг период не сообраќаат патничките возови кон Кичево, Кочани и Приштина, иако се впишани во актуелниот возен ред на Железници на РСМ-Транспорт. Од почетокот на јануари...

Скопскиот воздух во јануари: Центар опасно му се приближува на рекордерот Лисиче во аерозагадувањето [инфографик]

Чистиот воздух бил мислена именка за Скопје и во изминатиов јануари. Измерените податоци за квалитетот на воздухот покажуваат голем број на денови во кои се надминати дозволените среднодневни вредности на ПМ-2.5 и ПМ-10 честички во воздухот. Споредено со јануари 2022 година, годинава имало нешто помал број на денови кога било надминато максималното дозволено загадување од 50 микрограми ПМ-10 на...

Глобалното затоплување може да ни донесе маларија, зика, лајмска болест и други заразни заболувања

Новите енергетски трендови, како и сé позагрижувачката состојба со климатските промени, односно глобалното затоплување, доведуваат до можност за интензивно распространување на заразни заболувања во географски предели каде досега не биле регистрирани. На ова предупредува асс. д-р Драган Кочински, специјалист епидемиолог во Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институт за јавно здравје. Вектор-преносливите заболувања претставуваат голема закана за здравјето...

Спарувањето во сродство е нова опасност за малата популација на балканскиот рис

Криволов, уништување на шумите и живеалиштата, намалување на пленот, а сега и последици од спарувањето во сродство, или инбридинг, се многуте опасности кои постојано го демнат балканскиот рис. Малата популација на нашата најпозната мачка веќе неколку децении се соочува со голем предизвик, како да го обезбеди опстанокот, но и како да создаде здрави поколенија кои ќе продолжат да живеат...

На загадувањето од ОХИС му нема крај, линдан има и во реката Вардар пред Велес

Линдан има и во водите на реката Вардар пред Велес, покажале истражувањата на професорот Трајче Стафилов од Институтот по хемија на ПМФ. Загадувањето на подземните води од малата и големата депонија во кругот на ОХИС, но и од онаа во Пеленица која нема никаква заштита, се очигледни. Професорот Стафилов вели дека влијанијата не се задржуваат само на водите, туку...

И јануари помина, нема тендер за изградба на регионалната депонија во Свети Николе

Првиот месец од 2023 година помина, но не се остварија најавите за објавување на тендерот за изградба на првата регионална депонија по ЕУ стандарди во земјава. Модерната фабрика за отпад за Источниот и Североисточниот регион треба да се гради во Општина Свети Николе, а од Министерството за животна средина и просторно планирање кон крајот на ноември лани најавија дека...

За три години пожарите проголталe 3% од шумската површина, ревизорите утврдија серија слабости

Шумските пожари што ја зафатија Македонија во периодот од 2019 до 2021 година уништиle 29.224,51 хектари шумска површина, што претставува 3% од целокупната површина под шуми што ја има земјава. Огромните штети доведоа до уништување на дрвна маса од 594.008 кубни метри. Овие податоци се наведени во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност...

Заштитата на Матка мрдна еден чекор, Владата го усвои Предлог законот за прогласување на заштитено подрачје

Владата на Северна Македонија на денешната седница го усвои Предлогот на законот за прогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категоријата III - споменик на природата. Со тоа, децениското игнорирање на едно од највредните подрачја во земјава се приближува кон крај, а постапката за заштита направи еден чекор напред. Во следната фаза законот треба да го изгласа Собранието,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...