fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Владата поради ковид-19 додели неповратна помош од 2,2 милиони евра за скопскиот јавен превоз

Фото: Борче Поповски
Огромните загуби од околу 4 милиони евра што ги предизвика корона кризата на ЈСП-Скопје, како последица на намалениот број на патници и приходи од продажба на билети доведоа до тоа Владата да одвои неповратни финансиски средства од околу 2,2 милиони евра за ова јавно претпријатие. На вчерашната седница беше донесена одлука за одобрување на средства од државниот буџет на...

Произведуваме толку многу отпад, што не можеме ниту да го собереме [инфографик]

Од година во година создаваме сè повеќе комунален отпад, а речиси на една третина од ѓубрето што го создаваме му се губи трагот. Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, лани во земјава биле создадени 915.943 тони комунален отпад. Годишното количество на создаден комунален отпад во 2019 година изнесувало 456 килограми по глава на жител, што е рекордна...

Скопјани се жалат на млаки радијатори, БЕГ вели дефекти нема, а топлина се испорачува

Млаки радијатори и студени домови. Голем број скопјани се жалат дека во изминатиот период иако грејната сезона започна пред речиси еден месец, смрзнуваат во своите домови. Особено е студено наутро и навечер, а дневните температури, кои периодов се нешто повисоки од очекуваните, велат тие, не можат да им ги затоплат домовите. Поплаки има од сите делови на градот, а...

Големи разлики во платите на општинските службеници низ земјава

Во македонските општини лани имало вкупно 5.655 вработени како административни службеници, за кои биле исплатени вкупно 1.241.925.366 денари (20 милиони евра) за основна плата, покажува новото истражување на Центарот за економски анализи (ЦЕА). Оттаму пресметале дека просечната месечна основна плата на еден општински службеник изнесувала 18.823 денари (306 евра). „Иако основните плати на административните службеници учествуваат во просек со 4...

Фронт 21/42 бараат да нема нови мали хидроцентрали на Шара

Невладината организација Фронт 21/42 смета дека Предлог-законот за прогласување на Шар Планина за национален парк е спротивен на еден од клучните приоритети од програмата на Владата за забрана на изградба на мали хидроцентрали во заштитени подрачја и национални паркови. Екологистите сметаат дека основната цел на законот треба да е заштита на природата, а не нејзино зонирање за реализација на...

Дебелината го зголемува ризикот од смрт од ковид-19 за безмалку 50 отсто

Од почетокот на пандемијата, се објавени десетици студии во кои е потврдено дека голем процент од најтешко болните пациенти од ковид-19, се луѓе со прекумерна телесна тежина. Во последниве недели, врската меѓу вирусот и дебелината им е во фокусот на истражувачите во светот, бидејќи сега веќе е докажано дека луѓето кои имаат само прекумерна тежина, се изложени на поголем...

АРМ нема да ги обезбедува болниците, туку поранешни војници без униформи и оружје ќе бидат редари

Армијата нема да ги обезбедува болниците поради пандемијата на ковид-19, туку поранешни професионални војници кои во моментов работат во Министерството за одбрана ќе бидат редари во болниците. Ова денеска го нагласи министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, одговарајќи на новинарско прашање по шпекулациите дека АРМ ќе ги обезбедува болниците поради галопирачкиот раст на бројот на заразени со новиот коронавирус...

Полицијата за два месеца изрекла 527 казни за техничка неисправност на возила за превоз на патници [инфографик]

Министерството за внатрешни работи (МВР) само во текот на септември и октомври годинава изрекло 527 глоби поради техничка неисправност на возилата со кои се врши превоз на патници, информираат за „Мета.мк“ од МВР. Во двата месеца биле спроведени контроли над возилата со кои се врши јавен превоз на патници (автобуси, такси возила, комбиња) во меѓуопштинскиот и во градско-приградскиот превоз...

МВР засилено казнува веќе трет месец, превозниците бараат поголема акција против дивите таксисти

Министерството за внатрешни работи (МВР) при своите контроли во септември и октомври 2020 година открило 63 лица кои вршеле превоз на патници без лиценца, и за истите се поднесени соодветни поднесоци до надлежен орган, информираат за „Мета.мк“ од МВР. Станува збор за спроведените контроли над возилата со кои се врши јавен превоз на патници во меѓуопштинскиот и општинскиот превоз. Од...

Не е само Вардариште депонија, туку целото корито на Вардар кон Јурумлери и излезот на Скопје

Поранешната депонија Вардариште, која и денеска е горлива еколошка точка за граѓаните на општините Аеродром и Гази Баба, ги скара скопскиот градоначалник Петре Шилегов со опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Власта и опозицијата се караат, а на терен може да се забележи секојдневно фрлање на ѓубре на целиот потег од Вардариште кон Јурумлери и останатите населби на излезот од Скопје, каде...

Гасоводната делница Скопје-Тетово-Гостивар треба да биде завршена во втората половина на следната година

Премиерот Зоран Заев, при увидот на градежните активности на гасоводната делница Скопје-Тетово-Гостивар, рече дека истата целосно ќе биде завршена во втората половина на следната година. Во исто време, како што најави Заев, ќе бидат изградени и мерните станици и краците кон градовите. Оваа делница е во должина од 86 километри и заклучно со септември, е реализирана на ниво од 66...

Воздухот во октомври бил загаден речиси исто колку лани, засега планот за чист воздух нема ефект

Новата мерна станица во Гевгелија, како и тие во Битола, Тетово и Куманово се единствените, од вкупно 19 мерни места кои ги мерат сите шест полутанти и даваат целосна слика за состојбата со загадувањето на воздухот во овие градови. Иако сезоната на аерозагадувањето зема залет, граѓаните сè уште секаде немаат точни и навремени податоци за загадувањето. Најризичните, честичките ПМ...

Малите ХЕЦ и дозволените активности беа главни прашања на јавната расправа за прогласување на Шара за национален парк

Шар Планина треба да стане национален парк и на тој начин да се заштити нејзиниот биодиверзитет, убавини и особености. Ова е препораката од Министерството за животна средина до јавноста и жителите на општините кои гравитираат во овој предел, што уште еднаш беше повторена на јавната расправа, што денеска се одржа онлајн преку платформата ZOOM, заради актуелните ограничувања поради пандемијата...

Девет општини ќе добијат 165 милиони денари за еколошки проекти

Министерството за животна средина ќе додели 165 милиони денари на девет општини за реализација на проекти од животната средина. Финансиските средства, како што информирааат од Министерството, се обезбедени со последниот ребаланс на Буџетот кој пред два дена беше усвоен во собраниска процедура. Најголем дел од средствата, 49,9 милиони денари, ќе добие општината Липково, од кои 21 милион за завршување на...

Продолжува падот на каматите на кредитите и депозитите

Во септември 2020 година, продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити која што оствари месечен и годишен пад од 0,03 процентни поени и 0,39 процетни поени и изнесува 4,70 отсто, покажуваат новите податоци на Народната банка. Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа минимално месечно намалување од 0,01 процентни поени и изнесува 0,98 отсто, додека на...

Пратениците ќе одлучуваат за спогодбата меѓу Владата и „Макпетрол“ за сопственоста врз гасоводниот систем

На дневен ред на денешната седница на Собранието по скратена постапка е ставен предлог-законот за решавање на спорот помеѓу Владата и „Макпетрол“ за гасоводниот систем по пат на спогодба. Со неа, „Макпетрол“ се обврзува да ја понуди на продажба својата акција во ГА-МА АД на Владата за цена од 32.773.905 евра за што двете страни ќе потпишат купопродажен договор. Со...

Последните 10 тони хемиски отпад од ОХИС ќе се уништат во Франција

Последните 10 тони различен хемиски отпад од ОХИС ќе бидат пратени на уништување во инсенератор во Лион, Франција. Тие, во март требаше да заминат во „Валорек Сервисис“ во Базел во Швајцарија, но пандемијата на ковид-19 и затворањето на границите го одложија извозот. Во меѓувреме, истече договорот со швајцарскиот инсенератор, како и дозволата за меѓународен транспорт на опасни хемикалии. Се...

Експертската јавност се вклучува со анализи и предлози за „чистење“ на непрецизните делови од Предлог-законот за буџети

Во текстот на Предлог Законот за буџети кој го регулира целокупниот систем на управување со јавните финансии во државава, постигнат е голем напредок во однос на сегашните законски одредби, но следува период во кој треба да се дефинираат некои нецелосни одредби и делови, некои треба да се надминат, а некои да се избегнат. Во спроведената досегашна анализа на Законот...

Сезоната на аерозагадување пристигна, еколошките налепници на возилата не профункционираа

И по две години поминати од првичните најави, еколошките налепници на возилата во земјава не профункционираа. Од Министерството за економија за „Мета.мк“ потврдија дека црвените, жолти и зелени налепници кои требаше да ги класифицираат возилата според степенот на испуштање на издувни гасови во моментов не се функционални. Од ова министерство побаравме информација што се случува со донесувањето на подзаконските...

Ковид-19 за неколку месеци успеа да го сруши деценискиот раст на авиосообраќајот во земјава [фото+инфографик]

Како гром од ведро небо, пандемијата на ковид-19 удри врз авиосообраќајот во меѓународни рамки и за само неколку месеци успеа да го сруши бројот на превезени патници во воздушниот сообраќај на нивото кое беше пред четири и пол децении. И во Македонија бројот на превезени патници со авион за првпат во изминатава деценија ќе забележи намалување, а разочарувачките податоци...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...