fbpx

Владата поради ковид-19 додели неповратна помош од 2,2 милиони евра за скопскиот јавен превоз

-

Огромните загуби од околу 4 милиони евра што ги предизвика корона кризата на ЈСП-Скопје, како последица на намалениот број на патници и приходи од продажба на билети доведоа до тоа Владата да одвои неповратни финансиски средства од околу 2,2 милиони евра за ова јавно претпријатие. На вчерашната седница беше донесена одлука за одобрување на средства од државниот буџет на Град Скопје, како помош за справување со финансиските последици предизвикани од кризата со корона вирусот во работењето на ЈСП.

„Мета.мк“ веќе пишуваше дека трет квартал по ред годинава, скопскиот јавен превоз функционира во вонредна состојба, со намалување на бројот на патници од речиси 20 милиони во периодот март-септември 2020 година во споредба со идентичниот период лани. Како резултат на ова, приходите од продажба на билети во скопскиот јавен превоз драстично опаднаа, а Градот Скопје по сите основи вклучително и субвенции досега годинава има префрлено над 11,5 милиони евра на ЈСП-Скопје.

Наспроти намалениот број на патници, скопскиот јавен превоз мораше да ги применува мерките за заштита од ширење на корона вирусот, којшто и денеска предвидува намалување на исполнетоста на возилата за превоз на патници до максимум 50 отсто од капацитетот на автобусите.

Инаку, средствата доделени од Град Скопје и од владината неповратна помош треба да му се префрлат на ЈСП-Скопје, кој пак управува со системот за електронска наплата на билети со картичката „Скопска“. Преку овој систем, средства за сообраќањето во градско-приградскиот превоз добиваат и приватните превозници што ги одржуваат линиите во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...