fbpx

Големи разлики во платите на општинските службеници низ земјава

-

Во македонските општини лани имало вкупно 5.655 вработени како административни службеници, за кои биле исплатени вкупно 1.241.925.366 денари (20 милиони евра) за основна плата, покажува новото истражување на Центарот за економски анализи (ЦЕА). Оттаму пресметале дека просечната месечна основна плата на еден општински службеник изнесувала 18.823 денари (306 евра).

„Иако основните плати на административните службеници учествуваат во просек со 4 отсто во вкупните расходи на општините, сепак вкупните основни плати за градоначалниците, административните службеници и другите вработени во општините учествуваат во просек со 34 отсто во вкупните расходи“, укажуваат од ЦЕА.

Општините Брвеница, Демир Капија, Кавадарци и Гази Баба исплаќаат највисоки плати за административните службеници чиј износ на основната плата се движи од 25.000 до 26.400 денари, не вклучувајќи ги придонесите и другите додатоци како што се бонуси, платена прекувремена работа итн.

„Од друга страна, општините Ранковце, Старо Нагоричане, Градско и Македонски Брод исплаќаат најниски основни плати на административните службеници, чии плати се движат во износ од 11.200 до 13.000 денари“, се вели во анализата.

Од ЦЕА утврдиле дека основните плати на административните службеници во општините во просек учествуваат со 34 отсто во вкупните даночни приходи на општините.

„Постојат општини каде прибраните даночни приходи не се доволни ниту за покривање на основицата на административните службеници, но не поради високите плати туку најчесто поради ниската наплата на даноците“, информираат од ЦЕА.

Оттаму додаваат дека кај 72 отсто од општините, прибраните даночни приходи не се доволни за покривање на капиталните расходи и најчесто тоа е случај кај помалите општини, како што се Новаци, Липково, Центар Жупа, Карбинци и Пехчево.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...