fbpx

Пратениците ќе одлучуваат за спогодбата меѓу Владата и „Макпетрол“ за сопственоста врз гасоводниот систем

-

На дневен ред на денешната седница на Собранието по скратена постапка е ставен предлог-законот за решавање на спорот помеѓу Владата и „Макпетрол“ за гасоводниот систем по пат на спогодба. Со неа, „Макпетрол“ се обврзува да ја понуди на продажба својата акција во ГА-МА АД на Владата за цена од 32.773.905 евра за што двете страни ќе потпишат купопродажен договор.

Со спогодбата се предвидува и запирање на судските постапки по основ на тужбени барања за оваа проблематика кои датираат уште од 2005 година.

„Како резултат на спорот помеѓу Владата и „Макпетрол“ АД Скопје, се отпочнати повеќе постапки пред надлежниот суд, кои постапки со децении немаат завршница и до денес ниту една од нив не е правосилно завршена. Резултат од ваквото постапување во спорот, е тоа што досега се потрошени огромни финансиски средства, потрошено време, човечки потенцијали и што е особено важно, граѓаните неоправдано се лишени од можноста да добијат гасификација, а Република Северна Македонија како држава неоправдано е попречена во развојот со користење и располагање на овој енергетски ресурс“, пишува во предлог-законот.

Во него, се додава дека решавањето на спорот, во овој формат, со носење закон во скратена постапка, со кој се усвојува спогодба за регулирање на меѓусебните односи, произлегло од укажувањето на Државното правобранителство, како и од обврската спорот да се реши што побрзо, согласно Законот за енергетика и присутната опасност да бидат воведени соодветни санкции од страна на Европската унија.

„Спроведувањето на овој закон, не повлекува дополнителни финансиски средства од Буџетот на Република Северна Македонија и другите јавни финансиски средства, бидејќи средствата веќе се буџетирани и предвидени во Буџетот на Република Северна Македонија, за фискалната 2020 година“, пишува во предлог-законот.

„Макпетрол“ и државата водеа спор за тоа кој има поголем удел во гасоводот, повеќе од 12 години.

Во ноември 2019 година, „Макпетрол“ АД Скопје и македонската Влада побараа медијација во Центарот за решавање на спорови на Енергетската заедница заради конечно, законито и правично регулирање на своите сопственички односи во „ГА-МА“ АД Скопје, во согласност со Законот за енергетика и со Третиот енергетски пакет, кој е инкорпориран во Законот.

Во декември Владата, во рамките на продолжението на работата на 171 редовна седница, ја усвои Одлуката за одобрување на средства од буџетот за 2019 година за купување на делот на „ГА-МА“ АД Скопје во износ од 32 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...