понеделник, 9 март, 2026
Meta.mk

Ознака: гасовод | 117 резултати

Мицкоски не кажал дека приоритет ќе му биде гасоводот со Србија

3 јули 2024

Иако Христијан Мицкоски зборувал за дополнителни интраконектори кон централна и централно-источна Европа, сепак од тоа не може да се изведе заклучок дека  кажал оти приоритет на Владата ќе биде поврзување со гасоводот во Србија. Ова тврдење е неточно. Пребарувањата на медиумските написи, како и говорите и обраќањата на Мицкоски не даваат резултати дека тој после […]

Над 150 милиони евра дадени за гасоводи кои се недоградени или не се во употреба

4 април 2024

Во новиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за развојот на системот за гасификација стои дека во периодот од 2014 до 2023 година се потрошени 156,4 милиони евра за изградбата на магистралните гасоводи, а притоа истите не се во употреба или се недоградени. Според ДЗР, главната причина за бавноста на имплементацијата на гасоводите лежи […]

Мета-факт: Гасоводот Скопје-Тетово требаше да се заврши годинава, но сè уште не се решени имотните прашања

10 октомври 2023

Не е готов гасоводот од Скопје кон Тетово, кој се брзаше да биде направен и заради кој се ископа сртот на планината Водно. Иако беше најавено дека оваа гасоводна делница ќе биде завршена оваа година, сепак изградбата е сè уште заглавена во решавање на имотно-правни односи и ваквото ветување е во тек на реализација и […]

Мета-факт: На Водно не е засадено ниту едно дрво како компензација за гасоводот

21 февруари 2023

Нема нови дрвја засадени на Водно како компензација за изградбата на гасоводот чија изградба започна во 2018 година. Како одговор на многуте реакции на граѓаните и еколошките организации заради одлуката трасата на гасоводот кон Гостивар да се движи преку парк шумата, што неминовно беше сечење здрави децениски дрвја, Владата во својот План за чист воздух […]

Бугарија го проширува депото за гас во Чирен, и Македонија заинтересирана за капацитетот

20 јануари 2023

Булгартрансгаз, државниот оператор за гас на Бугарија, денеска потпиша договор за проширување на депото за гас кај Чирен, на 90-тина километри северно од Софија, и се очекува зафатот да биде готов за отприлика две години, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Според Владимир Малинов, извршниот директор на Булгартрансгаз, капацитетот од сегашните 550 милиони кубни метри ќе се […]

Саботажа: Во Шведска пронајдени траги од експлозив на гасоводот „Северен тек“

18 ноември 2022

Траги од експлозив се пронајдени на гасоводите на „Северен тек“ токму на местата од каде во септември на повеќе наврати имаше истекување на гас со што се потврдува дека пробивањата биле резултат на саботажа, соопшти шведското обвинителство. Како што пренесува „Гардијан“, анализите ќе продолжат за да се добијат поверодостојни докази и да се утврди дали […]

Газпром извезува помалку, заработува повеќе, но тоа не може да трае

4 ноември 2022

Извозот на рускиот гас бележи значителен пад во Европа и таквиот пад само ќе се зголеми уште повеќе идната година како резултат на онеспособувањето на Северен тек 1 и 2, како и одлуката на Путин да води енергетска војна со Западот. Газпром годинава заработи куп пари заради високите цени на гасот. Европа можеби ја чекаат […]

Русија не соработува со македонските истражни органи за изградбата на рускиот гасовод од 33 милиони евра

31 октомври 2022

За предметот „Подарок“ сè уште се чека меѓународна правна помош од Руската федерација од каде треба да биде доставен доказниот материјал за изградбата на рускиот гасовод. Русија ниту еднаш нема одговорено на барањата на Јавното обвинителство, со што овој предмет што го отвори поранешното СЈО, веќе четири години е заглавено во ќорсокак. За случајот „тежок“ 33 […]

Ковачевски и Донев разговарале за зголемување на капацитетот на гасоводот

29 октомври 2022

Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Галаб Донев, на денешната билатерална средба, поврзана со почетокот на рехабилитацијата и целосната изградба на пругата од Куманово до границата со Бугарија, разговарале и за зголемување на капацитетот на засега единствениот гасовод во земјава, кој е продолжение на бугарскиот гасовод. „На билатералната средба помеѓу премиерите […]

Контраспин: Не е време за политички суети, а уште помалку за спинови кога станува збор за набавката на енергенси

4 октомври 2022

Дали Мицкоски треба да појде кај Ковачевски или обратно, за да се презентира КОНЦЕПТ за набавка на поевтин гас и електрична енергија за претстојната зимска сезона, при што ќе се заштеделе околу 300 милиони евра? Оваа тема вака поставена е самата по себе спин, покрај сите други потспинови што ги нуди. Спинуваат и Мицкоски и […]

„Слобода од зависноста од рускиот гас“ – започна со работа интерконекторот меѓу Грција и Бугарија

1 октомври 2022

Гасоводот меѓу Бугарија и Грција ја менува играта, рече во својот говор претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен на свеченоста при пуштањето во комерцијална работа на гасоводниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција, што денеска се одржа во Софија. На официјалната церемонија, покрај претседателката на ЕК, присуствуваа и европскиот комесар за енергетика, Кадри Симсон, […]

Утре започнува со работа Интерконекторниот гасовод Грција-Бугарија

30 септември 2022

Дозволата за работа на грчкиот дел од Интерконекторниот гасовод Грција-Бугарија (ИГБ) е потпишана, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА. Ова беше последниот административен чекор со кој се овозможува почеток на комерцијалната работа на гасоводот за природен гас од сабота, 1 октомври. Теодора Георгиева и Јоргос Сатлас, извршни директори на бугарската компанија за заедничко вложување ICGB AD која […]

НАТО: Инцидентите на „Северен тек“ се намерна непромислена саботажа и ризик за еколошка штета

29 септември 2022

НАТО Алијансата изрази длабока загриженост за штетата од гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море. Во соопштението објавено на официјалната веб-страница инцидентите се наречени „намерни, непромислени и неодговорни акти на саботажа кои меѓу другото претставуваат и ризик за сериозна еколошка штета“. „Сите моментално достапни информации покажуваат дека ова е резултат на намерни, непромислени […]

Информативен настан во врска со интерконекторот за природен гас со Грција

30 јуни 2022

Во вторникот, на 28 јуни 2022, се одржа одржан онлајн информативен настан во врска со новиот интерконектор за природен гас што ќе ја поврзува Грција со Северна Македонија, а ќе започнува од Неа Месимвриа – Тесалоники и ќе се протега се до Штип. Делот од настанот што се однесуваше на грчката страна на гасоводот (Неа […]

Ковачевски-Мишел: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е прашање од највисок приоритет

16 јуни 2022

Северна Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите, врз основа на што е донесена и препораката за безусловен почеток за отворање на поглавјата во март 2020 година, нагласил премиерот Димитар Ковачевски на денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во рамките на Преспа форумот за дијалог. На средбата присуствувале вицепремиерот за […]

Вистиномер: Четири години „подарокот“ од 33 милиони евра за рускиот гасовод сè уште е во истрага

16 јуни 2022

Иако станува збор за една од највисоките суми за кои СЈО утврдило дека е оштетен буџетот, дури 33 милиони евра, со кои требаше да се регулира рускиот долг кон земјава, случајот сè уште тапка во место, а од Јавното обвинителство, кое ги презеде предметите на СЈО, велат дека сè уште се чекаат одговори од Русија. Ставрески […]

Бектеши и „Макпетрол“ велат дека нема прекин во снабдувањето со гас во земјава

27 април 2022

Снабдувањето на Северна Македонија со руски гас преку „Гаспром“ не е прекинато, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, по прекинот на снабдување со гас на Бугарија. Бектеши на прес-конференција потврди дека прекинот на испорака кон Бугарија и Полска не е поврзано со земјава и информира дека трговците со гас во земјава, ГА-МА и НЕР, […]

Канцеларот Шолц по потегот на Москва: Гасоводот „Северен поток-2“ ќе биде запрен

22 февруари 2022

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека проектот за гасоводот „Северен поток-2“ нема да биде сертифициран од Германија по најновиот потег на Русија да го признае суверенитетот на двете пара-држави (Народните републики Донецк и Луганск), јавува Дојче веле сервисот на англиски јазик. Шолц пред новинарите во Берлин изјави дека Германија презема мерки за да одговори на […]

Инвеститорот со конечна одлука да ја гради постројката за течен природен гас во Александрополис

28 јануари 2022

Акционерите на компанијата Гастрејд СА ја донесоа конечната инвестициска одлука за изградба на самостојниот систем за природен гас (INGS) во Александрополис. Станува збор за последната и најважна пресвртница пред проектот да влезе во фазата на изградба, информираат од оваа компанија. Генералното собрание на компанијата едногласно одобрило дека се обезбедени сите барања за реализација на проектот […]

Контраспин: Високите увозни цени на гасот не се поврзани со владините преговарачки способности

17 јануари 2022

Спин е тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека Владата не обезбедила ниски цени на гасот, за разлика од „сите влади во регионот и светот“. Цената на природниот гас од увоз многу малку зависи од владините преговарачки способности, пишува „Вистиномер“ во новиот Контраспин. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во соопштение објавено на нивната официјална […]

Страна 1 од 6