fbpx

Саботажа: Во Шведска пронајдени траги од експлозив на гасоводот „Северен тек“

-

Траги од експлозив се пронајдени на гасоводите на „Северен тек“ токму на местата од каде во септември на повеќе наврати имаше истекување на гас со што се потврдува дека пробивањата биле резултат на саботажа, соопшти шведското обвинителство. Како што пренесува „Гардијан“, анализите ќе продолжат за да се добијат поверодостојни докази и да се утврди дали може да се идентификуваат некои осомничемни лица.

„Анализите што сега се извршени покажуваат траги од експлозив на неколку предмети што биле пронајдени од местото на настанот во Балтичкото Море“, изјави Матс Љунгквист, обвинителот што ја води истрагата.

Љунгквист рече дека истрагата е „многу сложена и сеопфатна“ и дека анализите ќе продолжат за да се добијат „поверодостојни заклучоци“ и да се утврди дали може да се идентификуваат некои осомничени. Но, досегашните докази укажуваа на тоа дека се работи за „груба саботажа“, рече тој.

Шведските и данските власти вршат одделни истраги за четири пукнатини на гасоводите Северен тек 1 и 2, кои носат гас меѓу Русија и Германија преку Балтикот, во близина на данскиот остров Борнхолм.

Две од истекувањата се случија во ексклузивната економска зона на Данска и две во шведската. Недостасуваше дел во должина од 50 метри од „Северен тек 1“, објави минатиот месец шведскиот дневен весник „Експресен“, откако објави снимка снимена со подводен дрон.

Сеизмолозите во двете земји забележаа потреси во областа непосредно пред да бидат пријавени истекувањата, кои не личат на оние кои се предизвикани од земјотреси. Данските власти минатиот месец изјавија дека првичните индикации укажуваат на „моќни експлозии“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...