fbpx

Инвеститорот со конечна одлука да ја гради постројката за течен природен гас во Александрополис

-

Акционерите на компанијата Гастрејд СА ја донесоа конечната инвестициска одлука за изградба на самостојниот систем за природен гас (INGS) во Александрополис. Станува збор за последната и најважна пресвртница пред проектот да влезе во фазата на изградба, информираат од оваа компанија.

Генералното собрание на компанијата едногласно одобрило дека се обезбедени сите барања за реализација на проектот и дека проектот е на вистински пат во согласност со неговиот распоред.

„Изградбата и функционирањето на терминалот за течен природен гас (LNG) во Александрополис ќе придонесе за енергетската безбедност, ликвидност и диверзификација на земјата и целиот регион на Југоисточна Европа, зајакнување на стратешката улога на Грција и нудење алтернативни извори и рути за снабдување со природен гас во областа“, информираат од Гастрејд СА.

Пловечката единица за складирање и регасификација ќе има капацитет од 153.500 метри квадратни на течен природен гас, ќе биде поврзанa со Националниот систем за пренос на природен гас на Грција со цевковод долг 28 километри, преку кој гасот ќе се пренесува на пазарите во Грција, Бугарија, Романија, Србија, Северна Македонија, Молдавија и Украина.

Од Гастрејд СА очекуваат терминалот да проработи до крајот на 2023 година, при што договорениот капацитет за регасификација веќе достигнува до 50 проценти од техничкиот капацитет од 5,5 милијарди метри кубни годишно. Овој проект е вклучен и финансиран од Оперативната програма на NSRF „Конкурентност, претприемништво и иновации 2014-2020“ (EPAnEK)“ во износ од 166,7 милиони евра.

„Конечната одлука за инвестирање отвора ново, важно поглавје во енергетската безбедност на земјата и Југоисточна Европа. Посебно сме среќни што Gastrade презема критичен проект кој е приоритет за Европската Унија. Александрополис INGS ќе придонесе за безбедноста на снабдувањето со енергија, ќе ги диверзифицира енергетските рути и ќе придонесе за развој на конкуренцијата во корист на крајните потрошувачи“, изјави Елмина Копелузу претседателка на Управниот одбор на Гастрејд СА.

Извршниот директор на бугарската компанија Bulgartransgaz EAD, Владимир Малинов, исто така, ја спомена важноста на одлуката, истакнувајќи дека донесувањето на конечната инвестициска одлука од страна на сите акционери е клучен момент во продолжувањето на изградбата на терминалот за течен природен гас во Александрополис, Грција.

Инаку, Северна Македонија кон крајот на декември лани го потпиша договорот со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за обезбедување 57,8 милиони евра за изградба на гасоводот кон Грција, со којшто би се овозможило годинава да започне изградбата и во иднина да се увезува гас од терминалот во Александрополис.

Дополнително, нашата земја лани го потпиша и меморандумот за учество во енергетската постројка во Александрополис, каде што треба да се складира и гасифицира течен природен гас со капацитет од над 5,5 милијарди кубни метри. Земјава ќе учествува и во изградбата на гасната електрана.

Македонскиот удел во двата проекта подразбира инвестиција од 25 проценти во гасната централа на природен гас од 800 мегавати, којшто претставува проценета инвестиција од над 380 милиони евра. Исто така, земјава ќе учествува со инвестиција во износ од 10 отсто во гасниот терминал, со учество во вредност од околу 370 милиони евра. Финансискиот проект се очекува да биде поддржан и од страна на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...