fbpx

Утре започнува со работа Интерконекторниот гасовод Грција-Бугарија

-

Дозволата за работа на грчкиот дел од Интерконекторниот гасовод Грција-Бугарија (ИГБ) е потпишана, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА. Ова беше последниот административен чекор со кој се овозможува почеток на комерцијалната работа на гасоводот за природен гас од сабота, 1 октомври.

Теодора Георгиева и Јоргос Сатлас, извршни директори на бугарската компанија за заедничко вложување ICGB AD која го спроведува проектот, неодамна ја истакнаа важноста на гасоводот зa Грција, Бугарија како и за другите соседни земји. Тие рекоа дека гасоводот е нова рута за безбедно снабдување со гас, што ќе обезбеди диверзификација на изворите на природен гас и ќе ја зголеми конкуренцијата на пазарот.

Инаку, во Егејското море кај градот Александрополис, треба да биде поставена платформа на која гасот ќе се чува во балони, а потоа ќе се транспортира до брегот.

Како што пренесува АНА-МПА, гасоводот треба да даде одлучувачки придонес за зголемување на безбедноста на снабдувањето и диверзификација на изворите на природен гас за Бугарија и поширокиот регион на Југоисточна Европа, вклучително и Северна Македонија. Проектот ја поврзува Бугарија со Јужниот коридор за природен гас и ќе овозможи безбедно снабдување од различни извори во југоисточните и централно европските земји.

Проектот се состои од цевковод со должина од приближно 182 километри (од кои приближно 31 километар е на грчка територија). Почнува од Комотини и завршува во Стара Загора. Гасоводот ИГБ има почетен капацитет од три милијарди кубни метри природен гас годишно, со можност да се зголеми на пет милијарди кубни метри гас годишно со изградба на станица за компресија.

Властите во Северна Македонија се заинтересирани да се приклучат на терминалот за течен природен гас во Александрополис. Тие се во контакт со инвеститорите за гасот кој во земјава ќе стасува преку гасоводот Петрич-Струмица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...