Информативен настан во врска со интерконекторот за природен гас со Грција

Photo by Jerry Zhang on Unsplash

Во вторникот, на 28 јуни 2022, се одржа одржан онлајн информативен настан во врска со новиот интерконектор за природен гас што ќе ја поврзува Грција со Северна Македонија, а ќе започнува од Неа Месимвриа – Тесалоники и ќе се протега се до Штип. Делот од настанот што се однесуваше на грчката страна на гасоводот (Неа Месимвриа – Тесалоники – Евзони) беше организиран од Националниот оператор на системот за природен гас на Грција („ДЕСФА”) под покровителство на Амбасадата на Грција во Северна Македонија.

Целта на настанот беше засегнатите и заинтересираните субјекти од Северна Македонија да се информираат за новите можности што ќе се создадат со завршувањето на гасоводот.

Грчкиот заменик министер за надворешни работи, г. Костас Франгојанис, во неговото обраќање на настанот се осврна на основните карактеристики на гасоводот и на многубројните придобивки кои ќе ги имаат двете земји од неговото функционирање.

Претставникот на министерот за економија на Северна Македонија и државен советник за енергетика, г. Исмаил Лума, во неговото обраќање го истакна придонесот на проектот во натамошното зацврстување на билатералните односи на двете земји во областа на енергетиката.

Особената важност на проектот беше нагласена и од страна на надлежните институции „ДЕСФА” и „НЕР”, коишто беа претставувани од г. М. Гали и г. Б. Реџепи.

Покрај наведените теми, на настанот се разговараше и за усогласеноста на проектот со европските стандарди и придржувањето до правилата на Енергетската заедница на ЕУ, особено од страна на Северна Македонија, како нешто што го покажува нејзиниот општ стремеж за усогласување на преземените дејствија со европските регулативи.