fbpx

МВР засилено казнува веќе трет месец, превозниците бараат поголема акција против дивите таксисти

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) при своите контроли во септември и октомври 2020 година открило 63 лица кои вршеле превоз на патници без лиценца, и за истите се поднесени соодветни поднесоци до надлежен орган, информираат за „Мета.мк“ од МВР. Станува збор за спроведените контроли над возилата со кои се врши јавен превоз на патници во меѓуопштинскиот и општинскиот превоз.

Од МВР потсетуваат дека надзор над примената на Законот за превоз на патниот сообраќај односно на меѓуопштинскиот, посебниот линиски превоз на патници меѓу две и повеќе општини и меѓународниот превоз на патници и превозот на стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај го врши Државниот инспекторат за транспорт, додека надзор над општинскиот превоз на патници, автотакси превозот на патници и посебниот линиски превоз на патници што се врши на подрачјето на општините, го вршат локалните самоуправи.

Автотранспортните компании пак предупредуваат дека потребна е здружена акција на институциите, бидејќи кај дивите превозници не важат никакви закони и протоколи за заштита од ширење на корона вирусот. Од компанијата „Руле турс“ за „Мета.мк“ велат дека дивите превозници за време на ковид-19 пандемијата возат со поскапи цени и остваруваат екстра профит.

„Кога беше забранет меѓуградскиот превоз помеѓу одредени градови дивите превозници си работеа непречено бидејќи забраната важеше за автобуски меѓуградски превоз. Поголема е веројатноста патниците да се заразат возејќи се со див превозник со капацитет 4+1 или 5+1 со лесни возила“, велат од „Руле турс“.

Ваквите возила на дивите превозници возат со 100 отсто пополнетост, патниците седат стиснати еден до друг додека трае патувањето, за разлика од автобуските превозници кои ги почитуваат протоколите и каде максималната исполнетост на автобусите е до 50 отсто, а патниците мора да носат и заштитни маски. Од „Руле турс“ апелираат за здружена акција на институциите за да се сузбијат дивите превозници во меѓуградскиот превоз на патници.

Инаку, Владата на РСМ на седницата на 20 октомври повторно го ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50 отсто од вкупниот број на патници предвидени во едно возило. Сепак, прашање е колку дивите превозници ја почитуваат ваквата мерка за заштита од ширењето на ковид-19.

Податоците од Инспекцискиот совет на РСМ велат дека Државниот инспекторат за транспорт во периодот од 12 октомври до 1 ноември извршил 196 инспекциски надзори. Притоа, инспекторите изрекле 11 кривични пријави за непочитување на здравствените протоколи, како и 18 прекршочни пријави при вршењето на меѓународен и меѓуградски превоз на патници. Дополнително, во овој период биле напишани 22 решенија и пет прекршочно-платни налози на превозниците.

„Мета.мк“ веќе пишуваше за напластените проблеми во меѓуградскиот и меѓународен превоз на патници, почнувајќи од загубите што ги трпат автотранспорните компании поради ковид-19 пандемијата, стариот возен парк со кој ги одржуваат линиите па сѐ до нелојалната конкуренција од дивите таксисти. Дополнителен проблем е и малиот број на државни инспектори во патниот сообраќај, поради што контролата и на дивите и на легалните превозници низ земјава се одвива отежнато.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...