Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.404 тестирања, а регистрирани се 1.285 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-522, Куманово-43,  Дебар-3, Штип-46, Прилеп-79, Тетово-73, Струга-25, Велес-63, Битола-57, Охрид-40, Кавадарци-46, Гостивар-54, Гевгелија-17, Струмица-36, Крива Паланка-8, Радовиш-13, Крушево-1 , Кочани-22, Пробиштип-2, Демир Хисар-5, Македонски Брод-4, Берово-5,  Валандово-3, Виница-11, Делчево-11, Кратово-3, Свети Николе-18, Кичево-44, Ресен-4 и Неготино-27.

Починати се 14 лица, еден пациент од Скопје (52г), еден од Битола (75г), двајца од Кичево (66 и 71г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Штип (62г), еден од Свети Николе (76г), еден од Радовиш (66г), четворица пациенти од Тетово (63, 50, 66 и 82г), еден од Гостивар (78г) и еден пациент од Кавадарци (21г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Во меѓувреме, бројот на хоспитализирани расте и во јавните здравствени установи тој изнесувал 918 пациенти со ковид-19.

На Инфективната клиника примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 162 пациенти. На кислородна поддршка се 137 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 55 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 472  позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од: Скопје-162, Куманово-5, Дебар-1, Штип-2, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-1 и Демир Хисар-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 38.782, бројката на оздравени пациенти е 23.011, на починати е 1.110, а бројот на активни случаи изнесува 14.661. Од вчера се регистрираат два контролни теста.