fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

За една деценија регистрирани дополнителни 150.000 возила, најголем дел половни [инфографик]

Од 350.762 регистрирани возила во 2012 година до 500.633 возила со македонски регистарски таблички лани. За помалку од една деценија, бројот на возила што сообраќаат на патиштата во земјава е зголемен за дури 150.000. Најзагрижувачки е што станува збор за половни возила со високо ниво на загадување. Стапката на моторизација на македонските граѓани забрзано расте од година во година,...

Пожарите досега проголтаа 8.803 хектари шумска површина во земјава

Извештајот на Јавното претпријатие Национални шуми за штетите од овогодинешните пожари во земјава, заклучно со 15 август, покажува дека со пожарите била зафатена површина од 9.907 хектари, од кои 8.803 хектари отпаѓаат на површини со шуми или завршиле во шуми, при што изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса, информираат од владината прес-служба. Владата на вчерашната седница го усвои Извештајот на...

Чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС се одложи за еден месец

Се одложува стартот на чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС. Монтирањето на заштитниот шатор, под кој ќе се извршува ископот на земјата и линданот, ќе се заврши до крајот на идниот месец, иако беше највено дека работите ќе започнат на почетокот на септември. Според првичниот план, деловите од шаторот требаше да стигнат во земјава од Италија до...

МЖСПП почнува кампања за Малешевијата да стане заштитен предел

Под мотото „Да го зачуваме Малешево за идните генерации!“, Министерството за животна средина, заедно со со Македонското еколошко друштво, „Национални Шуми“ и со општините Берово и Пехчево, започнаа кампања за прогласување на Малешево за заштитен предел. Кампањата ќе трае во следните десет дена, ќе опфати промоција на видеа, илустрации и други промотивни содржини, по што ќе биде организирана и...

Ќе требаат и до 50 години за да се обноват шумите што изгореа

Од две до пет децении се потребни за да се обноват уништените шуми и екосистеми кои настрадаа во пожарите. Штетата од беснеењето на пламените јазици на повеќе локации низ земјата од многу аспекти е немерлива. Значењето на шумите, во услови кога се справуваме со климатските промени и сите последици од нив за човекот, живиот свет и животната средина, е...

Неславни бројки: За една недела од пожари изгоре неколкукратно повеќе шума во споредба со цела 2020 година

Од десетината активни пожари на територијата на целата земја е зафатена површина од најмалку 2.500 хектари само во моментов, покажуваат податоците на Центарот за управување со кризи. Од нив, во огромниот пожар во Малешевијата кој се протега меѓу Пехчево, Делчево и Берово досега изгореја минимум 1.100 хектари борова шума и нискостеблести растенија, при што овие податоци се однесуваат само...

Бројот на возила лани го премина прагот од 500.000, просечната старост на колите рекордни 19,4 години [инфографик]

Продолжува да расте бројот на регистрирани возила во патничкиот транспорт во земјава, а заедно со нив и просечната старост, која е особено загрижувачка кај автомобилите. Во 2020 година, земјава за првпат во својата историја забележа над половина милион регистрирани патнички моторни и приклучни возила, односно вкупно 500.633 автомобили, автобуси, камиони, мотори, трактори и други моторни возила. Во Македонија лани...

По страшниот рекорд од 2019, дивата сеча на шумите лани делумно ставена под контрола [инфографик]

Бесправната сеча на дрвја во земјава е горлив проблем поради кој продолжува да се уништува шумското богатство. Само во 2020 година, регистрирани се 19.282 метри кубни бесправно исечена дрвна маса од шумскиот фонд на земјава, се наведува во податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Ситуацијата лани била подобрена во споредба со претходните години, но треба да се земе...

Стратегија за адаптација на здравството кон климатските промени во земјава последен пат е изработена во 2011 година

Македонија за последен пат во 2011 година изработила Стратегија за адаптација на здравствениот сектор кон климатските промени со акционен план. Во меѓувреме, податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за Скопската котлина покажуваат дека дури девет од изминативе 10 години се вбројуваат во најтоплите 20 години измерени во периодот од 1951 до 2020 година за оваа котлина. Продолжени топлотни бранови...

Во Европската година на железницата, со месеци не сообраќаат возовите за Кичево, Кочани и Приштина

Европската Унија ја прославува 2021 како Европска година на железницата, додека во Македонија се укинати или привремено не сообраќаат и малкуте патнички возови на пругите. Тековново лето нема експресни возови од Скопје кон Белград и Солун, а веќе неколку месеци не сообраќа ниту брзиот воз на релација Скопје-Приштина-Скопје. Бројот на возови за превоз на патниците е редуциран и во внатрешниот...

Пошумувањето во земјава на рекордно ниско ниво, ќе нема кој да се бори со климатските промени [инфографик]

Пошумувањето на нови површини во земјава опаѓа во изминатава деценија. Во 2020 година во Македонија биле засадени нови дрвја на површина од 569 хектари, што е второ најниско ниво во изминатава деценија по 2017 година, кога биле пошумени 553 хектари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Она што најмногу загрижува е фактот дека земјава постепено го губи богатиот шумски...

Пожарите лани проголтале најмалку шумска површина во земјава во последнава деценија [инфографик]

Шумските пожари лани проголтале најмалку хектари површина засадена со дрвја во земјава во последнава деценија. Од палењето на вегетацијата во шумите во 2020 година настрадале вкупно 438 хектари, што е многу помалку во споредба со претходните години, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во изминатава деценија, статистичките податоци покажуваат дека најлоша година за шумите била 2012 година, кога пожарите...

Државната лабораторија за животна средина ќе се сертифицира за мерење на аерозагадувањето

Државната лабораторија за животна средина ќе се сертифицира за мерење на загадување на воздухот од стационирани извори. Оваа институција има сертификат за системот за квалитет според стандардот ISO 17025 за акредитирана лабораторија и минатата година го заврши процесот на акредитација за шест методи за квалитет на вода и една методa за бучава. Минатиот месец, пак, официјално започна и процедурата...

Малку пратеници работат на закони од животната средина, наместо еколошки, често туркаат партиски ставови

Екологијата и законите од животната средина слабо ги поттикнуваат пратениците во македонското Собрание, да ги надминат партиските ставови и да работат во интерес на граѓаните кои ги изгласале. Иако со еколошките закони треба да се регулираат различни аспекти од животната средина и да се решат многу горливи проблеми со кои секојдневно се соочуваме, само мала група од вкупно 43...

Возилата растечки предизвикувач на климатските промени, властите со мерки ќе мора да пресечат [инфографик]

Постојаното зголемување на бројот на возила на улиците, огромниот наплив на стари возила од странство, намалувањето на бројот на патници во јавниот превоз и на корисниците на велосипедот, како и неразвиената железница предизвикуваат Македонија да се соочува со проблеми со емисиите на стакленички гасови од транспортот. Наместо да се намалува испуштањето на штетните гасови кои се предизвикувач на климатските...

Возењето џип најмногу загадува, велосипедот и јавниот превоз најеколошки [инфографик]

Старите половни дизелаши испуштаат најмногу штетни гасови во атмосферата, додека велосипедот како превозно средство е убедливо најеколошко од аспектот на спречување на климатските промени. Податоците на Министерството за животна средина и просторно планирање објавени на веб-страницата klimatskipromeni.mk покажуваат дека меѓу дизелашите најголеми загадувачи се џиповите, односно теренските возила. Во нивната анализа е направена споредба на различни видови на возила во...

Екологистите бараат Владата да каже кој е стратешкиот партнер за фабриката за отпад во Неготино

Граѓанскиот инспекциски совет и еколошките активисти од О2 Иницијатива бараат Владата да ги каже сите детали за најавената стратешка инвестиција во фабрика за отпад во Неготино. Екологистите се незадоволни што информациите протекуваат парцијално и од различни извори, а многу често се и спротиставени меѓу себе. Од Испекцискиот совет велат дека проблемите со депониите во Македонија веќе се огромни и загрозувачки...

Неформални собирачи на отпад: Секојдневно ни ја вршат селекцијата на отпадот, а заедницата ги отфрла

Од 3.000 до 5.000 луѓе во земјава ги заработуваат средствата за егзистенција од селекција на комуналниот отпад по контејнерите низ градовите. Поради ниското ниво на свест кај граѓаните, примарната селекција на отпадот не се врши во самите домаќинства, пластичните ќеси полни со ѓубре ги фрламе во контејнерите, по што неформалните собирачи на отпад поминуваат и ги двојат хартијата, пластиката,...

Започнува затворањето на дивите депонии во Источен и Североисточен плански регион

По неколкумесечно одложување, Владата на вчерашната седница ја донесе одлуката за затворање на дивите депонии и ѓубриштата во 18 општини од Источниот и Североисточниот плански регион, информираат од владината прес-служба. „На оваа своја седница Владата, врз основа на информацијата за статусот на реализација на подготвителните активности поврзани со проектот за затворање на нерегуларните депонии и ѓубришта во источниот и североисточниот...

Повеќе од двојно зголемен увозот на половни возила во првото полугодие од годинава [инфографик]

Увозот на половни возила од странство не само што не се намалува, туку во првото полугодие од годинава е забележано повеќе од двојно зголемување на бројот на внесени стари возила во Македонија. Според податоците на Царинската управа на РСМ, импортерите на стари возила успеале да внесат 20.505 половни возила во периодот јануари-јуни 2021 година, додека како нови неупотребувани возила...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...