fbpx
Таг: автопат Кичево-Охрид

таг: автопат Кичево-Охрид

Воведувањето електронска наплата на патарина на Коридор 8 чека на изработка на проектната документација

Без конкретен рок кога ќе отпочне изведбата, но со најава дека се чека на изработка на проектната документација е планот за воведување на електронска наплата на патарина на наплатните станици долж патниот Коридор 8 и на автопатот Миладиновци-Штип. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека најпрво треба да се изработи проектната документација, по што ќе започнат...

Автопатот Кичево-Охрид по втор пат ќе го пробие рокот за изведба, се прават анализи за колкав период

Јавното претпријатие за државни патишта подготвува опсежни анализи за продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид. Веќе е извесно дека по втор пат ќе биде пробиен крајниот датум во чии рамки кинеската компанија „Синохидро“ како изведувач на работите требаше да ја заврши изведбата на автопатот долг 57 километри и вреден речиси 600 милиони евра. Првичниот рок за завршување на...

Лани се работеше на изведба, годинава ќе се пуштаат нови патишта, роковите остануваат менлива категорија

Северна Македонија годинава очекува засилен развој на патната инфраструктура и пуштање во употреба на неколку нови патишта коишто се градеа во изминатите години. И покрај вообичаените доцнења кај изведбата на проектите од цел спектар на вообичаени проблеми што лани беше надополнет со ковид-19 пандемијата, во 2021 година подобрувањето на патната инфраструктура ќе биде особено видливо во источниот дел на...

Турски „Аселсан“ и „Жикол“ ќе работат на електронската наплата на патарина на Коридор 8 и Миладиновци-Штип

Турско-македонски конзорциум составен од компанијата „Аселсан“ од Анкара и „Жикол“ од Струмица го добија тендерот за воведување на електронска наплата на патарина на автопатските делници долж Коридорот 8, како и на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, е наведено во резултатите од меѓународниот тендер објавени од ЕБОР. Договорот со Јавното претпријатие за државни патишта треба да се потпише на крајот од...

Бочварски најави построга контрола на реализацијата на капиталните инвестиции

Многу бројки и ветувања, но кај дел од инфраструктурните проекти има доцнења во изведбата и пролонгирање на крајните рокови за изградба. Поради ова, државата на централно ниво догодина ќе формира единица за надгледување и реализација на капиталните проекти со цел да се испорача високо ниво на реализација. Ова го спомена министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната...

Се прават анализи колку ќе трае изградбата на автопатот Кичево-Охрид и по јуни 2021 година

Јавното претпријатие за државни патишта во моментов работи на анализа за тоа колкав период би се продолжил рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид на Коридорот 8. Сегашниот рок за негово завршување е 30 јуни 2021 година, но веќе е извесно дека по целата автопатска делница долга 57 километри нема да може да се вози на крајот од јуни наредната...

Од кинеските кредити за автопатите да извлечеме поуки за да избегнеме идно должничко ропство

Доцнење на изградбата и пробивање на финансиската конструкција на проектите е крајниот епилог од изведбата на двата автопати Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип, кои почнаа да се реализираат во 2014 година со кредитно задолжување на државава кај кинеската Ексим банка, направено од страна на владата на Никола Груевски. Автопатот Миладиновци-Штип беше пуштен во сообраќај минатата година, откако беше пробиен првично зададениот...

Летото дојде, првите километри од автопатот Кичево – Охрид допрва ќе се пуштаат во употреба (галерија)

Новата летна сезона е пред самиот праг, а првите километри од автопатот Кичево - Охрид сè уште не се ставени во функција за возачите. Најавите на државните власти беа дека годинава ќе возиме по првите десетина километри од овој автопат на потегот од Врбјани до Охрид, на којшто потег всушност има и најголема фреквенција на сообраќај и најголема опасност...

Годинава треба да почне изградбата на патарините на автопатот Миладиновци – Штип

Воведувањето на електронската наплата на патарина на Коридорот 8 и изградбата на двете наплатни станици на автопатот Миладиновци - Штип ќе започне годинава. Распишаниот тендер за овие два проекта е во вредност од 13,7 милиони евра, при што во тек е евалуацијата на првата фаза од тендерската постапка, информираат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за државни патишта. - Прелиминарно се...

Објавен тендерот за воведување електронска наплата на патарина и на Коридорот 8

Покрај можноста за плаќање патарина по електронски пат на автопатот од Табановце до Гевгелија, годинава ќе отпочне постапката за воведување на електронска наплата на патарина и на Коридорот 8. На веб - страницата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е објавена втората фаза од тендерот за избор на компанија што ќе го инсталира системот за воведување на...

Годинава ќе се возиме по првите километри од Кичево – Охрид и по експресниот пат Штип – Крупиште

Околу 25 километри нови експресни патишта и автопати ќе можат да се користат од македонските возачи годинава, доколку се остварат планираните проекти од Годишната програма за работа на Јавното претпријатие за државни патишта. Пролетва како прва фаза од изградбата на новата патна врска меѓу Штип и Кочани ќе бидат пуштени во употреба 14,3 километри од експресниот пат Штип -...

Со камери и електронски знаци ќе се намалува бројот на сообраќајки на Коридорот 10

Македонија е на сериозен пат да го воведе Интелигентниот транспортен систем (ИТС) на автопатот долж Коридорот 10. Министерството за транспорт и врски веќе ја изработи проектната документација за новиот систем, а државата подигна и заем кај Светската банка за реализација на проектот. Ќе бидеме едни од првите во регионот со комуникациско - информацискиот систем за контрола и управување на...

Нов кредит од 180 милиони долари за автопатот Кичево – Охрид и надеж дека ќе биде последен

По промената на подизведувачите и отпочнувањето со препроектирање на оние сегменти што се покажаа како изоставени или неизводливи за градба, автопатот Кичево - Охрид вчера од Собранието доби амин и за ново задолжување на државата од 180 милиони долари за завршување на делницата долга 57 километри. Пратениците од власта и опозицијата го поддржаа законот, со кој државата ќе гарантира...

Груевски се спаси за „Траекторија“ – предметот застарел (хронологија + „бомба 14“)

Поради апсолутна застареност на основата за кривично гонење на поранешниот премиер Никола Груевски во случајот „Траекторија“, тој нема да одговара за малверзации во врска со автопатите Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип, констатираше судијата. Сите судски трошоци поврзани за оваа постапка против Груевски ќе бидат платени од државниот буџет. Адвокатот назначен по службена должност да го брани Груевски, Горан Кркински,...

Автопат Кичево – Охрид: Од идеја до 600 милиони евра долг (хронологија)

Три и пол години доцнење во изведбата на проектот и негово поскапување за над 180 милиони евра е краткиот пресек од досегашната изградба на автопатот Кичево - Охрид. „Најголемата инфраструктурна инвестиција во земјава во последните пет децении“, помпезна најава искажана лично од поранешниот премиер Никола Груевски, претворена е во проект кој опасно придонесува за натамошен раст на надворешниот долг...

Завршени 75 отсто од градежните работи на автопатот Кичево – Охрид

Првите километри од автопатот Кичево - Охрид ќе бидат пуштени во употреба наредната година, додека целокупниот проект е предвидено да се заврши до 30 јуни 2021 година како краен рок за изведба на автопатот. Вкупниот прогрес на градежните работи на делницата во моментов е 75,42 отсто, а пробиени се околу 96 отсто од трасата. По одобрувањето на дополнителните средства за...

Со 13,7 милиони евра ќе се воведува електронската наплата и на патарините на Коридорот 8

Со 13,7 милиони евра во следните 12 месеци ќе се градат три нови патарини на автопатите Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид, ќе се воведе и унифицира електронскиот систем за наплата на патарините на Коридорот 8 и ќе се инсталираат фотоволтаични соларни панели на сите наплатни станици во земјава.  Денеска се потпиша договорот за финансирање со ЕБОР, со кој...

Со 2,3 милиони евра ќе се поправаат грешките во проектот за автопатот Кичево – Охрид

Градежниот институт Македонија (ГИМ) ќе го врши препроектирањето и допроектирањето на утврдените пропусти и недостатоци во проектната документација за автопатот Кичево - Охрид. Како што се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки, Јавното претпријатие за државни патишта издвоило околу 2,3 милиони евра за докомплетирање на проектната документација, со што се отвора вратата за довршување на...

За еден месец продадени 5.870 електронски уреди за наплата на патарина

Расте интересот на македонските возачи за новиот систем за електронска наплата на патарина. За само еден месец се продадени 5.870 електронски картички и тагови (Мтаг и Мкард), со кои може на едноставен и брз начин да се плати надоместокот на наплатните рампи долж Коридорот 10. - Патниците кои веќе имаат купено електронски уреди се повеќе од задоволни, со образложение дека...

Од 2022 година на сите автопати ќе има „интелегентен видео надзор“

И покрај тоа што контролниот центар на Јавното претпријатие за државни патишта во Петровец веќе е пуштен во употреба, контролата со камери засега е воспоставена единствено на патарините. На автопатот Демир Капија - Смоквица се врши видео мониторинг на сообраќајот, но со посебен контролен центар лоциран во Неготино. Од ЈП за државни патишта за „Мета“ велат дека имплементацијата на...