fbpx

За еден месец продадени 5.870 електронски уреди за наплата на патарина

-

Расте интересот на македонските возачи за новиот систем за електронска наплата на патарина. За само еден месец се продадени 5.870 електронски картички и тагови (Мтаг и Мкард), со кои може на едноставен и брз начин да се плати надоместокот на наплатните рампи долж Коридорот 10.

– Патниците кои веќе имаат купено електронски уреди се повеќе од задоволни, со образложение дека системот кој е имплементиран, функционира одлично – вели за Мета.мк Марко Брезоски, раководител на одделението за наплата на патарина при Јавното претпријатие за државни патишта.

За возачите кои поседуваат електронски уреди веќе е ослободена посебна лента на сите патарини долж Коридорот 10, на која можат да го платат надоместокот по електронски пат и да не чекаат во колона со другите возила. Како што ќе се зголемува бројот на продадени електронски уреди, ЈП за државни патишта во иднина ќе одвојува повеќе ленти на наплатните рампи за возачите кои имаат тагови и електронски картички.

Покрај брзината на минување на патарината, возачите имаат можност при секое надополнување на електронскиот уред да остварат попуст за патарина во висина од 2 до 7 отсто. Електронските картички можат да се набават по цена од 100 денари, додека таговите чинат 1.200 денари. Овие уреди можат да се купат на наплатните рампи долж Коридорот 10 или во Контролниот центар на ЈП за државни патишта во Петровец.

Двата уреда функционираат на различен начин. Возачите што имаат електронска картичка треба да ја доближат до читачот што се наоѓа на самата патарина, по што автоматски се отвора рампата. Од друга страна, корисниците на тагот треба да го прикачат овој уред на предното ветробранско стакло на возилото. При доближување на возилото со намалена брзина до наплатната рампа, автоматски се отчитуваат податоците од тагот, а возилото без застанување ја минува наплатната рампа.

Од ЈП за државни патишта очекуваат есенва да отпочне воведувањето на електронскиот систем за наплата и на останатите патарини на Коридорот 8. Заедно со нив, предвидено е да се изградат 3 нови патарини на автопатите Миладиновци – Штип и на Кичево – Охрид. Во тек е доставувањето на понуди на меѓународниот тендер за реализација на овој проект.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...