fbpx

Воведувањето електронска наплата на патарина на Коридор 8 чека на изработка на проектната документација

-

Без конкретен рок кога ќе отпочне изведбата, но со најава дека се чека на изработка на проектната документација е планот за воведување на електронска наплата на патарина на наплатните станици долж патниот Коридор 8 и на автопатот Миладиновци-Штип. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека најпрво треба да се изработи проектната документација, по што ќе започнат активностите за модернизација и воведување на електронското плаќање на наплатните станици „Миладиновци“, „Глумово“, „Желино“, „Тетово“ и „Гостивар“.

Периодот во кој треба да се реализираат и пуштат во употреба модернизираните патарини е 12 месеци од ефективноста на договорот. Турско-македонскиот конзорциум од компанијата „Аселсан“ од Анкара и „Жикол“ од Струмица кон крајот на декември лани го доби договорот вреден 12,5 милиони евра, со кој електронското плаќање на патарина со М-Таг и М-Смарт картички ќе треба да се воведе на сите автопати во земјава.

Со воведување на електронските уреди, граѓаните на автопатите по Коридорот 8 ќе можат да остварат попусти од 2 до 7 отсто на цените за патарина, во зависност од висината на надополнување на М-Таг и М-Смарт картичката, поволност која што веќе ја користат возачите кои ги користат автопатските делници од Табановце до Гевгелија.

Од ЈП за државни патишта немаат конкретен датум за тоа кога ќе започне изградбата на двете патарини „Преод“ и „Кадрифаково“ на автопатот Миладиновци-Штип, по којшто веќе две години се вози без плаќање патарина од страна на возачите.

„Во период што следи ќе се отпочне со изградбата на наплатните станици Кадрифаково и Преод, штом ќе се заврши со градежните работи ќе бидат пуштени во употреба новите наплатни станици“, накратко одговараат од ЈП за државни патишта, без прецизирање на рокови.

По автопатот Миладиновци-Штип речиси две години се вози без плаќање на надоместокот за користење на патишта, со што ова е единствен автопат во земјава на којшто не се плаќа патарина. На сите други автопатски делници во земјава, граѓаните секојдневно плаќаат патарина. Откога ќе се воведе, на наплатната станица „Преод“, за користење на делницата од Миладиновци до Свети Николе, автомобилите ќе треба да плаќаат по 70 денари во еден правец. На втората наплатна станица „Кадрифаково“, меѓу Свети Николе и Штип, патарината за автомобили ќе чини 50 денари во еден правец.

Од ЈП за државни патишта информираат дека наплатна станица кај селото Арбиново ќе се гради и на новиот автопат Кичево-Охрид, но таа ќе биде пуштена штом целосно се заврши изведбата на делницата меѓу двата града.

„Пуштањето во употреба на наплатната станица Арбиново ќе биде со пуштање во употреба на автопатот Кичево-Охрид“, велат од ЈП за државни патишта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...