fbpx

Со 13,7 милиони евра ќе се воведува електронската наплата и на патарините на Коридорот 8

-

Со 13,7 милиони евра во следните 12 месеци ќе се градат три нови патарини на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, ќе се воведе и унифицира електронскиот систем за наплата на патарините на Коридорот 8 и ќе се инсталираат фотоволтаични соларни панели на сите наплатни станици во земјава. 

Денеска се потпиша договорот за финансирање со ЕБОР, со кој ќе се изградат патарините „Кадрифаково“ и „Преод“ на автопатот Миладиновци – Штип, како и идната патарина „Арбиново“ на автопатот Кичево – Охрид. Покрај тоа што ќе се изградат наплатните рампи, на овие патарини ќе се воведе електронскиот систем за наплата. Воедно, со новиот проект на граѓаните ќе им се овозможи да плаќаат со електронските уреди и на петте постојни патарини на Коридорот 8 – „Миладиновци“, „Глумово“, „Желино“, „Тетово“ и „Гостивар“.

Проектот предвидува поврзување на надградените и новите патарини на автопатите со оперативниот центар за патарини во Петровец. Со заемот ќе се изгради и дополнителна лента за зголемување на капацитетот на наплатната станица „Миладиновци“.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешното потпишување на договорот со ЕБОР истакна дека електронскиот систем за наплата е дел од интелегентниот транспортен систем со кој ќе се модернизира транспортот и ќе се зголеми функционалноста, безбедноста и предвидливоста на сообраќајот на патиштата.

– Наша конечна цел е да создадеме хармонизиран транспортен сектор, интегриран во европскиот систем на транспортни мрежи – изјави Сугарески.

Покрај подобрувањата во патниот транспорт, со заемот од ЕБОР ќе се инвестира и во производството на обновлива енергија. Инсталирањето во соларни панели на сите 15 патарини низ целата држава ќе овозможи речиси половина од електричната енергија потребна за одржување на станиците да се генерира од овие панели. На тој начин, Јавното претпријатие за државни патишта ќе заштеди во делот на трошоците за непречено функционирање на патарините.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) му додели на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) кредит од 13 милиони евра за оваа намена, додека дополнителни 700 илјади евра ќе ги обезбеди самото јавно претпријатие од сопствениот буџет.

Меѓународниот тендер за пронаоѓање изведувач на проектот беше распишан во првата половина на јуни годинава, а од есенва Јавното претпријатие за државни патишта ќе треба да отпочне со реализација на овој проект.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Затворени гласачките кутии, отворено прашањето за резултатите

Излезноста на избирачките места половина час пред да заврши изборниот процес била 48,47 отсто, според податоците достапни на сајтот на Државната изборна комисија. Според податоците, на претседателските избори гласале...