fbpx

Објавен тендерот за воведување електронска наплата на патарина и на Коридорот 8

-

Покрај можноста за плаќање патарина по електронски пат на автопатот од Табановце до Гевгелија, годинава ќе отпочне постапката за воведување на електронска наплата на патарина и на Коридорот 8. На веб – страницата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е објавена втората фаза од тендерот за избор на компанија што ќе го инсталира системот за воведување на оваа услуга на наплатните станици „Миладиновци“, „Глумово“, „Желино“, „Тетово“ и „Гостивар“.

Имплементирањето на системот ќе овозможи со еден ист електронски уред да се плати патаринa на сите наплатни станици во земјава. Воедно, проектот предвидува изградба на три патарини на новите автопати, и тоа две на Миладиновци – Штип („Кадрифаково“ и „Преод“) и една на Кичево – Охрид („Арбиново“). Рокот за доставување понуди од заинтересираните компании е до 10 март, по што ќе се изврши евалуација на понудите и ќе се избере најповолен понудувач.

Договорот за финансирање на проектот за воведување на електронската наплата на патарина на Коридорот 8 беше потпишан во септември минатата година. Проектот е во вредност од 13,7 милиони евра. Покрај тоа што ќе овозможи побрзо минување на наплатните рампи во иднина, овој проект ќе им овозможи на возачите што го користат автопатот од Коридорот 8 да плаќаат патарина со попусти од 2 до 7 отсто, доколку ги користат електронските уреди.

Електронската наплата на патарина на Коридорот 10 беше воведена во јули минатата година. До крајот на 2019 година, продадени беа 13.707 електронски уреди за плаќање на овој надоместок. Возачите можат да направат избор помеѓу М – смарт картичка и М – таг, а од годинава треба да биде пуштена во употреба и пост – пејд наплатата на патарина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...