fbpx
Таг: автобуси

таг: автобуси

Неделен возен ред на ЈСП за Рамазан Бајрам, жичарницата на Водно ќе работи

Утре поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Жичарницата на Водно ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17:30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17:45 часот е последно возење...

ЈСП за велигденските празници ќе вози по неделен возен ред, паркирањето во Центар бесплатно

Во престрет на велигденските празници, Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) ја информира јавноста дека возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат според изменет возен ред. Утре сите автобуси ќе сообраќаат по неделен возен ред, освен на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160 и 164 кои ќе се движат според саботниот возен ред. Во текот...

Цените на горивата паднаа, билетите во меѓуградскиот автобуски превоз останаа скапи [инфографик]

Цените на нафтените деривати на бензинските станици во земјава се стабилизираа, но цените на автобуските билети за меѓуградски превоз, и покрај поевтинувањето на горивата, остануваат високи. Приватните превозници не кажуваат зошто не ги намалат цените на билетите како што ги покачија кога вртоглаво поскапеа и горивата, а нивните здруженија ваквата состојба ја правдаат со „другите поскапени трошоци“. Бараат субвенции...

Вторпат се отфрла барањето на Арсовска за земање кредит за нови автобуси за ЈСП

Само 14 советници од Советот на град Скопје ја поддржаа точката предложена од градоначалничката Данела Арсовска за кредитно задолжување на Градот Скопје кај домашни банки за набавка на нови еко-автобуси за ЈСП-Скопје. Пред одржувањето на седницата, скопската градоначалничка рече дека постојните автобуси се стари и дотраени и не нудат задоволително ниво на услуга за граѓаните. „Со набавката на нови еко-автобуси...

Приватните превозници и Град Скопје постигнаа договор

По неколку месеци натегања, приватните превозници и Град Скопје постигнале усмен договор околу исплатата на долгот од 1,5 милиони евра, а до петок очекуваат три јавни повици на кои ќе можат да се пријават. „Конечно имаме договор со Градот Скопје, ги договоривме сите детали, од исплатата на долгот на ЈСП од 1,5 милиони евра, до пуштањето на јавните повици“, изјави...

Советот не го одобри предлогот на Град Скопје за кредит за набавка на нови автобуси за ЈСП

Советот на град Скопје денеска не го поддржа предлогот на скопската градоначалничка Данела Арсовска за одобрување на заем во некоја од домашните банки во висина од околу 10 милиони евра за набавка на нови автобуси за ЈСП-Скопје. За предлогот на Арсовска гласаа 15 советници, еден советник беше против, а 18 советници беа воздржани. Советниците се согласија дека ЈСП има потреба...

Превозниците наместо со Арсовска бараат средба со премиерот, а тој не прифаќа да разговара под притисок и уцени

Приватните автобуски превозници кои протестираат на булеварот Илинден кај бараките на Град Скопје откако ги тргнаа блокадите на крстосниците кај трговскиот центар Мавровка и кај Црвенот крст бараат да бидат примени во Владата бидејќи градоначалничката Данела Арсовска одбива да разговара со нив. Дополнително, тие се заканија дека ќе ги радикализираат протестите ако тоа не се случи. Сепак, премиерот Димитар Ковачевски...

По четири дена измачување, се ослободуваат две од трите блокирани крстосници во Скопје

Приватните превозници утрово почнаа да ги отстрануваат автобусите кои во понеделникот, на 05 декември, ги паркираа на три крстосници во главниот град. Со тоа сообраќајот во главниот град повторно почна да се одвива, колку-толку, по нормално. Превозниците најавија дека од денеска ќе го блокираат булеварот „Илинден“ и тоа четирите ленти во двата правци почнувајќи од бараките на Град Скопје до...

Трет ден граѓаните го обиколуваат пола Скопје за да стасаат на работа

Трет ден автобуси на приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ се паркирани на крстосниците кај трговскиот центар „Мавровка“, кај Црвен крст како и на улицата „Илинденска“ кај бараките кај Град Скопје. Сообраќајот се одвива отежнато, а возачите се принудени да менуваат траси на движење за да можат да стасаат на работните места и во училиште. Како што најавија организаторите...

Ковачевски: Хаосот што му се случува на Скопје е поради неспособноста и бизнис-интересите на ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ќе помогне во решавањето на хаосот со протестите на приватните превозници рече дека хаосот што во овој период му се случува на Скопје е поради неспособноста и бизнис-интересите на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски. „Граѓаните мора да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ја има градската власт во Скопје. Кадри...

Расправијата меѓу Ленин и Данела го оневозможи сообраќајот во главниот град

Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утринава речиси целосно го блокираа сообраќајот во Скопје паркирајќи ги своите автобуси на крстосниците кај Црвен крст, ТЦ „Мавровка“ и Булеварот Илинден. Поради протестот овие улици се затворени и движењето во главниот град стана мачење за сите останати учесници во сообраќајот. Доцнат и автобусите од јавниот превоз. На некои автобуски линии се чека...

Полицијата во еден ден со 47 санкции за автобуси што вршеле превоз на ученици

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека во текот на вчерашниот ден (02.12.2022) во периодот од 12 до 16 часот на територијата на Република Северна Македонија била спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 47 сообраќајни...

Приватните превозници на протест, сообраќајот во главниот град речиси оневозможен

Работната недела во главниот град започна и завршува со сообраќаен хаос. Превозниците од приватните „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово повторно го блокираа сообраќајот во Скопје, овој пат на булеварот „Илинден“, што создаде колони од возила на повеќе улици. Приватните превозници од 6 часот наутро ги блокираа двете крајни десни сообраќајни ленти во двете насоки на движење, на потегот од крстосницата...

Порталб: Граѓаните ја плаќаат цената за хаосот во јавниот превоз, Владата стои настрана

Граѓаните на Скопје ја плаќаат цената за недоразбирањата меѓу приватните превозници и Град Скопје, а Владата стои настрана и се прогласува за ненадлежна, пишува Порталб.мк. Автобусот што треба да доаѓа на 7-8 минути доаѓа за 30 минути. Група граѓани можат да се забележат на секоја автобуска постојка како чекаат да се качат на автобусите преполни со патници. Во таа состојба,...

Од утре ќе нема приватни автобуси на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 ако денеска не се најде решение за долгот?

Од утре „Слобода Превоз“, претпријатието на приватните автобуски превозници во Скопје нема да вози на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, кои целосно или во голем дел ги опслужуваат токму приватните автобуси, ако денеска до крајот на денот не се најде решение за долгот од отприлика милион евра. Ленин Јовановски го обвини ЈСП Скопје за неисплаќање на парите од...

ЈСП Скопје го раскина договорот со превозникот „Макекспрес“

Јавното Сообраќајно Претпријатие - Скопје го раскина договорот со приватниот превозник „Макекспрес“. Од оваа компанија пред седум дена престанаа да ги пуштаат автобустите да сообраќаат поради долгот од половина милион евра кои им ги должи Градот. Како што соопшти Град Скопје, наводна причина за раскинување на договорот не била тоа што им должи пари на приватните превозници, „непочитување на обврските...

Изречени 46 казни за превозници на ученици, еден превозувал без лиценца

При контрола на превозници кои превезуваат ученици, констатирано е едно кривично дело за возење без лиценца по член 284 од Кривичен законик и 46 сообраќајни прекршоци, информираат во Министерството за внатрешни работи. „Денеска во периодот од шест часот до десет часот утрово, на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици,...

За четири часа вчера 84 санкции за автобуси за учениците, 26 автобуси пратени на вонреден технички преглед

Во текот на само четири часа вчера, 28 октомври, од 12 до 16 часот на територијата на целата земја е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, соопшти МВР. При контролата приведени се две лица поради нарушување на јавниот ред и мир, одземен е боксирач, а констатирани се и 84 сообраќајни прекршоци. Од нив 26 возила...

Автобусите на ЈСП се враќаат на улиците, вработените утре ќе добијат плата

Советот на Град Скопје денеска на втората вонредна седница, едногласно со 39 гласа „ЗА“, го изгласа ребалансот на градскиот буџет со што ќе се одвојат 133 милиони денари за субвенционирање на ЈСП. Претседателот на Синдикатот при ЈСП, Миќо Стојановски потврди дека трансферот на пари е направен, а вработените утре ќе ја добијат платата. „Работниците на ЈСП утре ќе ја добијат...

Штрајкува ЈСП: Студенти не стигнаа на предавања, граѓани пропуштаат ден од работа и термини на лекар

Таблите со информации за возниот ред на автобуските станици ги најавуваат автобусите на ЈСП кои утрово останаа паркирани во автобазите. Главниот град за прв пат во историјата откако има јавен транспорт остана без него. Синдикалците од ЈСП најавија дека ќе продолжат со протестите сè додека не им биде исплатена платата, а граѓаните кои немаа можност да патуваат со автомобили,...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...