За четири часа вчера 84 санкции за автобуси за учениците, 26 автобуси пратени на вонреден технички преглед

Фото: МВР

Во текот на само четири часа вчера, 28 октомври, од 12 до 16 часот на територијата на целата земја е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, соопшти МВР.

При контролата приведени се две лица поради нарушување на јавниот ред и мир, одземен е боксирач, а констатирани се и 84 сообраќајни прекршоци. Од нив 26 возила се испратени на вонреден технички преглед , а изречени се пет санкции за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, порачува МВР.