ЈСП за велигденските празници ќе вози по неделен возен ред, паркирањето во Центар бесплатно

Жичарницата на Средно Водно ќе работи со обично работно време, од 10 до 18 часот, во текот на празничните денови

-

Во престрет на велигденските празници, Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) ја информира јавноста дека возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат според изменет возен ред.

Утре сите автобуси ќе сообраќаат по неделен возен ред, освен на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160 и 164 кои ќе се движат според саботниот возен ред. Во текот на сабота, недела и понеделник сите автобуси ќе се движат според неделниот возен ред.

За продажба на билети, од ЈСП посочуваат дека билетарниците и центрите за персонализација ќе работат само во сабота, додека во петок, недела и понеделник нема да работат.

Жичарницата на Средно Водно ќе работи со обично работно време, од 10 до 18 часот, во текот на празничните денови, а нема да работи во вторник.

Линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) ќе се движат според неделниот возен ред.

Паркирањето во Центар бесплатно

Општина Центар соопшти дека за време на празничниот продолжен викенд паркирањето ќе биде бесплатно за сите граѓани на сите паркинг места во сопственост на ЈП Паркинзи на Општина Центар, освен во сабота поради тоа што е работен ден согласно програмата за неработни денови на Министерството за труд и социјална политика.

Депото на “Пајак” на ЈП ПОЦ ќе биде достапно 24/7 за време на празниците, а редовната наплата за паркирање и издавање на договори ќе продолжи во вторник со вообичаено работно време во Дирекцијата на ЈП ПОЦ.

Согласно со Законот за празниците на РМ, 14 април (петок) 2023 година, Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Понеделник, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...