ЈСП Скопје го раскина договорот со превозникот „Макекспрес“

Фото: : Суад Бајрами/Порталб.мк. 17.10.2022

Јавното Сообраќајно Претпријатие – Скопје го раскина договорот со приватниот превозник „Макекспрес“. Од оваа компанија пред седум дена престанаа да ги пуштаат автобустите да сообраќаат поради долгот од половина милион евра кои им ги должи Градот.

Како што соопшти Град Скопје, наводна причина за раскинување на договорот не била тоа што им должи пари на приватните превозници, „непочитување на обврските од договорот во кои се уредуваат условите за начинот на јавен превоз“.

Според Град Скопје, „Макекспрес“ немале модерни автобуси со еколошки стандарди, односно нивните автобуси немале основно ниво на хигиена и доцнеле на автобуските постојки. Тие додаваат дека транспортот на патници на линиите на „Макекспрес“ ќе го преземе ЈСП Скопје.

Инаку Мета неодамна објави дека градот не им исплаќа пари на приватните превозници, па поради тоа, приватниот превозник „Макекспрес“ не ги пушташе во сообраќај линиите 19, 20, 22, 52 и 54.

„Ова не е штрајк, туку ги потрошиле сите средства. Немаат средства да купат гориво, имаат вработени на кои им немаат исплатено плати и придонеси, а да не зборуваме и за домашниот буџет. Досега не сме добиле никаков одговор од Град Скопје, да нè повикаат да им кажеме со какви проблеми се соочуваме и да најдеме решение. Тие нѝ должат околу 30 милиони денари или околу 500 илјади евра. Значи, не нѝ се исплатени авансите за август, септември и октомври“, изјавија за Порталб.мк од „Макекспрес“ пред една седмица.

Јавниот превоз во Скопје и понатаму во хаос, градот не им исплаќа на приватните превозници