fbpx
Таг: линии

таг: линии

В недела, поради Прв до врв“ линиите 3 и 3Б ќе сообраќаат до Клинички центар

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека во недела (21 мај), поради одржување на спортско-рекреативната манифестација „Прв до врв“, во период од 9.30 до 10.30 часот, линиите 3 и 3Б ќе сообраќаат до стојалиштето Клинички центар. „Линијата 25 нема да ги реализира поаѓањата во 9.20 и 10 часот од Транспортен центар, односно во 10 и 10.40 часот од Средно Водно. Посочената...

И април без приватни превозници во скопскиот јавен превоз, распишан нов повик

Градот Скопје по четврти пат распиша јавен оглас за доделување пакет линии и за давање дозволи за линиски превоз на патници во скопскиот јавен превоз. Ова е четврти јавен повик за повторно ангажирање на приватните превозници на градско-приградските линии, откако пропадна и мартовскиот повик. Новиот јавен повик се однесува за вкупно 16 линии, односно за линиите со број 9, 11,...

ЈСП Скопје го раскина договорот со превозникот „Макекспрес“

Јавното Сообраќајно Претпријатие - Скопје го раскина договорот со приватниот превозник „Макекспрес“. Од оваа компанија пред седум дена престанаа да ги пуштаат автобустите да сообраќаат поради долгот од половина милион евра кои им ги должи Градот. Како што соопшти Град Скопје, наводна причина за раскинување на договорот не била тоа што им должи пари на приватните превозници, „непочитување на обврските...

Поради реконструкција на две сообраќајници, линиите 4А, 5, 5А и 24 од утре по нови траси

Поради почеток на реконструкција на две важни сообраќајници во Скопје, од утре линиите 4А, 5, 5А и 24 ќе сообраќаат по нови траси. Измените се од времен карактер, односно по завршување на градежните работи, овие линии ќе продолжат да сообраќаат по досегашните траси, соопшти ЈСП Скопје. Поради градежни зафати и затворање на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од кружниот...

ЈСП вклучи повеќе автобуси на поголем дел од линиите во јавниот превоз

ЈСП информира дека од денеска, 6 октомври на поголемиот дел од автобуските линии се вклучени поголем број возила во однос на изминатиов период, поточно дел од линиите во јавниот превоз почнаа да сообраќаат по летен, делничен возен ред. „Станува збор за линиите 2, 2А, 5, 24, 41, 42, 43, 50, 53, 55А, 57, 63, 63А, 65, 65Б, 67, 163, 165,...

Министерство за транспорт и врски: Фирмите се должни да превезуваат само патници кои имаат билет

Министерството за транспорт и врски не размислува за измени или дополнување на Законот за патен превоз, за да може да им наложи на транспортните компании во случај на поголем број патници линијата да ја одржуваат со повеќе од еден автобус, пренесува „Порталб.мк“. „Засега не се размислува за никакви законски измени“, велат од таму. Иако министерството е информирано од „Порталб.мк“ за случајот...

Турку и Ларнака се две нови дестинации на „Виз ер“ од Меѓународниот аеродром Скопје

„ТАВ Македонија“ денеска го одбележа отворањето на две нови дестинации на „Виз ер“ од Меѓународниот аеродром Скопје – Турку и Ларнака. На Меѓународниот аеродром Скопје, попладнево беше пречекан првиот лет на новата директна авиолинија на „Виз ер“ од Турку, град на југозападниот брег на Финска. Со време на поаѓање 06 часот, а време на пристигнување од аеродромот Турку во 12...

ЈСП со изменет возен ред на три линии во недела

ЈСП информира дека во недела на 31 март, во период од 8 до 12 часот, поради одржување на Женска трка, автобусите на линиите 8, 15А и 18 ќе имаат изменет режим на сообраќање. „Затворен за сообраќај ќе биде булевар „Илинден“, од крстосницата со булевар „Климент Охридски“ до крстосницата со булевар „8 Септември“ (кај МИ-ДА).Затворен за сообраќај ќе биде и булевар...

По несреќата кај Ласкарци вонреден технички преглед и на градските автобуси во Скопје

Во Скопје се вршат вонредни технички прегледи на автобусите за градски превоз, по трагичната автобуска несреќа кај Ласкарци, и поради тоа возниот ред ќе биде проретчен, односно автобусите ќе сообраќаат поретко. Денеска на ред се автобусите од линијата „19“, пишува „Порталб“. Според информациите од Диспечерскиот центар од ЈСП на коишто се повикува порталот, како што ќе биде извршен технички преглед,...

ЈСП: Дополнителен број автобуси на линиите 69 и 28

ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека во пресрет на верските празници Св.Петка и Св.Пантелејмон, на ден 7, 8 и 9 август ќе пушти во сообраќај дополнителен број автобуси на линиите 69 и 28. „Утре, 7 август (вторник), на линијата 69 која сообраќа од Транспортен центар до село Дивле, ќе се реализира едно поаѓање и тоа во 15.30 часот. На 8 август (среда), ќе...

Автобусот на ЈСП од Железничка кон Водно наместо во 8 ќе тргнува во 7.30 часот

Линијата број 25 која сообраќа од Транспортен центар до Средно Водно ќе има измена во возниот ред, информираат од ЈСП. „Терминот за поаѓање на автобусот предвиден во 8 часот, се менува, односно поаѓањето ќе се реализира во 7.30 часот. Промената во возниот ред ќе важи за време на викендите и државните празници. Измената во поаѓањето е по барање на планинарите...

ЈСП: Поради најавени три протести, голем дел од автобуските линии ќе бидат пренасочени

Денеска поради најавени три протести, голем дел од автобуските линии ќе бидат пренасочени, а дел од автобусите ќе возат по скратена траса од вообичаената, информираат од ЈСП. Од таму додаваат дека „автобусите од јавниот превоз, како возилата на ЈСП Скопје, така и на приватните превозници, ќе сообраќаат согласно условите на терен и наложениот режим од страна на сообраќајната полиција.“ „Поради протестот на...

Автобуските линии на ЈСП со летен режим на работа

ЈСП информира дека од 10 јуни (недела), автобуските линии почнуваат со летен режим на работа, а возниот ред може да се види на нивната веб-страница www.jsp.com.mk. Од таму потсетуваат дека викендов, автобуските линии 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) нема да сообраќаат, освен линијата 25 со редовен возен ред после 16 часот во сабота, односно...

Поради снегот дел од автобуските линии во Скопје се скратени или во прекин

Поради снегот денеска во Скопје повеќе градски и приградски автобуски линии се скратени. Не сообраќа автобусот до Нерези (Македонско село) и приградските линии 64, 80, 80а и 180. Како што соопшти ЈСП „Скопје“, автобусот со број 3 место до „Панорама“ сообраќа до Клинички центар, а 16 место до Пржино сообраќа до црквата „Св. Петка“. Автобусот со број 24 сообраќа само...

Автобусите на ЈСП со нов возен ред кон Водно

Поради големиот интерес на граѓаните, автобусите на пробните линии 25А и 25Б до Средно Водно од овој викенд ќе сообраќаат според нов возен ред и ќе зачестат, односно ќе тргнуваат на половина час, информираат од ЈСП. Пробната линија со број 25А сообраќа на релација од Стара железничка станица до Средно Водно, а пробната линија со број 25Б сообраќа на релацијата...

Денеска градските автобуси во Скопје по изменети траси

Поради одржувањето на „Скопски маратон 2017“, денеска, во периодот од 7 до 14 часот, градските автобуси во Скопје, односно тие на ЈСП „Скопје“ и на приватните превозници, ќе сообраќаат по посебни траси, кои ќе отстапуваат од вообичаените линии. Toчниот распоред може да се види на веб-страницата на ЈСП „Скопје“.

В недела градските автобуси во Скопје по изменети траси

Поради одржувањето на „Скопски маратон 2017“, в недела, во периодот од 7 до 14 часот, градските автобуси во Скопје, односно тие на ЈСП „Скопје“ и на приватните превозници, ќе сообраќаат по посебни траси, кои ќе отстапуваат од вообичаените линии. Toчниот распоред може да се види на веб-страницата на ЈСП „Скопје“.

СДСМ: ЈСП да го среди проблемот со градскиот превоз што им го создаде на граѓаните

„Веднаш да престанат кражбата и малтретирањето на граѓаните преку јавниот градски превоз во Скопје. Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) веднаш да го средат проблемот со градскиот превоз што им го создадоа на скопјани“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека „додека Никола Груевски се вози со „мерцедес“ од 600.000 евра, а неговите соработници дивеат...

Лондонското метро ќе сообраќа и навечер, но само за викенди

Лондонското метро почна да сообраќа и навечер, но засега само за време на викенди. За почеток се воведуваат две ноќни линии, една во должина од 74 километри, а другата 21 километар, и ќе работат петок и сабота. Лондонскиот градоначалник Садик Кан на „Твитер“ напиша дека, повторното воведување на вечерни линии ќе им помогне на илјадници работници кои одат и се враќаат...

Малку волонтери во бесплатните автобуси на ЈСП кон поплавените подрачја

Еден од автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) наменет за превоз на волонтери кои ќе помагаат во поплавените подрачја утрово во 9 часот тргна кон селото Стајковци, кое е едно од местата кои беа најпогодени во саботното невреме. Во автобусот има три девојки, волонтерки, кои на жителите во Стајковци ќе им помогнат во расчистувањето на нивните домови. Девојките се качија...

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...