fbpx

Трет ден граѓаните го обиколуваат пола Скопје за да стасаат на работа

-

Трет ден автобуси на приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ се паркирани на крстосниците кај трговскиот центар „Мавровка“, кај Црвен крст како и на улицата „Илинденска“ кај бараките кај Град Скопје. Сообраќајот се одвива отежнато, а возачите се принудени да менуваат траси на движење за да можат да стасаат на работните места и во училиште. Како што најавија организаторите на протестот, автобусите ќе останат паркирани на важните сообраќајни точки додека не им биде исплатен долгот кој Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) наводно го имаат кон приватните превозници.

Автобуските станици и денеска беа полни со патници кои чекаа превоз за на работа и за во училиште. Автобусите на ЈСП сообраќаа, иако без строго почитување на возниот ред. Возачите на автобусите се принудени да ги менуваат трасите на движење. Така, автобусот со број 57, утрово минуваше по Пластичарска улица, преку Американската амбасада и Кале, за преку надвозникот кај Музејот на холокаустот, да се приклучи на булеварот „Гоце Делчев“, кон МНТ и да стаса на „Рекорд“. Некои од патниците револтирано коментираа дека доцнат на работа заради овие кружења низ градот.

Засега нема изгледи за решавање на проблемот, кој според најавите, уште повеќе ќе се продлабочува, бидејќи приватните превозници рекоа дека не само што нема да ги тргнат автобусите од улиците, туку најавуваат и блокирање на уште повеќе крстосници доколку градските власти не им излезат во пресрет.

Според досегашните изјави, скопската градоначалничка Данела Арсовска негира дека постои долг и нема намера да го исплати. „Слобода превоз“ тврди дека ЈСП им должи 1 милион евра, додека „Макекспрес“ бара исплата на долг од половина милион евра.

Продолжуваат блокадите во Скопје, сообраќајот и денеска се одвива отежнато

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...