fbpx
Таг: аболиција

таг: аболиција

ВМРО-НП: Прво правосилна пресуда, потоа амнестија

„ВМРО-Народна партија пред година и половина беше иницијатор за донесување закон за амнестија низ собраниска процедура. За сето ова време, иако жестоко критикувани, продолживме да го браниме овој став затоа што бевме убедени дека кризата на крај ќе заврши со амнестија, која ќе е далеку понеправедна и селективна, а за која опоменувавме во повеќе наши соопштенија“, стои во соопштението...

Блицкриг на Иванов: Аболиција, сликање, насмевки, тројна средба и гала-вечера

Посетата на претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ, случајно или не, поминаа во сенка поради одлуката на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, да ги помилува сите политичари против кои се водат правосудни постапки. Тој ја соопшти оваа одлука половина час пред тие да пристигнат во неговата вила. Според „Дојче веле“, нивното присуство требало да биде...

Германија очекува брзо разјаснување на одлуката на Иванов

Германската амбасада во Скопје денеска соопшти дека е длабоко загрижена поради најавата на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболира и да ги амнестира политичарите. „Очекуваме принципот на владеење на правото да биде почитуван од сите страни. Се надеваме дека состојбата во државата и во општеството правно и политички нема да се заострува понатаму и дека јавната безбедност ќе остане сочувана....

Камбовски: Ако Иванов донел таква одлука, извршил државен удар

Ако Иванов донел таква општа одлука за помилување, а не поединечни акти адресирани точно по име, презиме и за одредени кривични дела, тој постапил надвор од своите овластувања и извршил државен удар, смета академик Владо Камбовски, во изјавата за порталот „СДК“. „Ваква општа одлука од претседателот на државата за аболирање на осомничени и на обвинети не може да натера ниту...

Сите аболиции во независна Македонија: Иванов ги надмина Трајковски и Црвенковски

Тројца од вкупно четворицата претседатели на државата во историјата на самостојна Македонија ја искористија аболицијата како правен инструмент за ослободување лица од кривично гонење уште пред осомничените да седнат на обвинителна клупа во судот. Единствен што не го употребил овој институт е првиот претседател на државата, покојниот Киро Глигоров. Сите негови наследници во своите мандати аболираа лица осомничени за криминал, а последниот...

ДС бара вонредна седница на Собранието за импичмент на Иванов

Демократскиот сојуз денеска ги повика сите пратеници да дојдат во Собранието и да почнат постапка за одржување вонредна седница за да се донесе одлука за престанување на важноста за самораспуштање на законодавниот дом и да се поведе постапка за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов. „Во согласност со Уставот на Република Македонија и со деловникот за работа на Собранието, одржување вонредна...

Осудениот во „Пуч“ експресно излегува од затвор по амнестијата на Иванов

Единствениот осуден во случајот „Пуч“, Ѕвонко Костовски, го напушта затворот „Идризово“ откако вчера од кабинетот на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, до Основниот суд Скопје 1 стигнала одлуката за помилување, соопшти денеска судот. Судијата за извршување санкции веднаш ја доставил одлуката до затворот за извршување, односно ослободување на Костовски. „До Основниот суд Скопје 1, во текот на вчерашниот ден, од кабинетот...

Бејли: Помилувањето ги штити корумпираните политичари

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денеска на својот твитер-профил, за одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги запре сите судски процеси што се водат против политичари во Македонија, рече дека е процес кој ги штити корумпираните политичари. Тој напиша: „Општо помилување без судски процес ги штити корумпираните политичари и нивните соработници. Да им дозволиме на Специјалното јавно обвинителство и...

ЛП: Иванов создаде вонредна состојба и отвори пат за итна собраниска седница

Со одлуката на Ѓорге Иванов за прекинување на сите кривични постапки против политичаритe што се поврзани со политичката криза и со аферата за прислушање, тој директно го прекрши членот 9 од Уставот, се вели во соопштението на Либерална партија. Според нив, „со својот акт Иванов ги стави политичарите во надредена „класна“ позиција во однос на сите „други“ граѓани на Македонија.“ - Со...

Денеска во 18 часот, нов протест против одлуката на Иванов

Протестот против одлуката на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, да ги помилува сите политичари против кои се водат истраги или правосудни постапки, продолжува и денеска во 18 часот, а почетокот е закажан пред просториите на Специјалното јавно обвинителство. Во објавата на „Фејсбук“ стои: „Продолжуваме со мирен собир за поддршка на СЈО денес во 18.00 часот и ги повикуваме сите граѓанки и...

Итна средба на Хан со Вајгл, Ховит и со Кукан за Македонија

Еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, утрово има итна средба со посредниците од Договорот од Пржино, европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан, по вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине судските процеси против политичките лидери. Информацијата за средбата ја соопшти Ховит, кој на „Твитер“, покрај фотографијата од средбата, напиша дека наскоро ќе следува...

Протестот во близина на седиштето на СДСМ заврши без инциденти

Протестот што се одржуваше во непосредна близина на седиштето на СДСМ официјално заврши. Симпатизерите и приврзаниците на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, излегоа да го изразат својот револт од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да аболира и да амнестира политичари со која се опфатени и Зоран Верушевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. На улицата која води кон седиштето на партијата, сè уште...

Мирно заврши протестот пред ВМРО-ДПМНЕ

Мирно заврши протестот против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине судските процеси против политичарите, кој се одржа пред седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Последната група од неколку десетина демонстранти, триесетина минути пред полноќ се повлече пред полицискиот кордон. На местото сè уште се присутни полициските специјалци. Протестот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел помина мирно, освен неколкупати кога дојде...

Тензично на протестите пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Тензична е атмосферата на протестот во близина на штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Неколку стотици демонстранти, кои пред еден час пристигнаа пред Владата, повторно се вратија пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓанските активисти кои таму беа собрани, гласно негодуваа кога им се приклучија лидерот СДСМ Зоран Заев и партиското раководство. Во еден момент толпата извикувајќи „Спуштете ги штитовите“ и „Полициска држава“, се обиде...

Брисел: Партиите да најдат начини да се зачува Договорот од Пржино

Денешната одлука на претседателот Ѓорге Иванов да ги сопре судските процеси против политичарите ја става под знак прашање посветеноста на Македонија кон промовирањето на владеењето на правото, порача вечерва Европската комисија. „Поранешната југословенска република Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да се бори против незаконитоста. Наспроти тоа, денешната одлука на претседателот Иванов да помилува неколку политичари...

Ахмети: Одлуката на таканаречениот претседател е непромислена и нема ништо да реши

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети оцени дека одлуката на како што го нарече „таканаречениот претседател“ Ѓорге Иванов да ги прекине судските постапки против политичарите нема ништо да реши. Ахмети рече одлуката на Иванов е избрзана и непромислена и дека побарал помош од Европската комисија за изнаоѓање решение од кризата, која, според него, се продлабочува. Претседателот Иванов денеска во обраќањето до нацијата...

Протестот продолжува пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, демонстрантите се туркаат со полицијата

Со гласање демонстрантите одлучија протестот против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува политичари, да го продолжат пред седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во центарот на градот. Првата опција беше мирно расчистување на протестот на што граѓаните не се согласија, втората протестот да се продолжи пред вилата на претседателот Иванов на Водно, но патот кај основното училиште „Кочо Рацин“ е затворен,...

Хан: По ова, се сомневам дека има услови за веродостојни избори

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан денеска ја осуди одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за поништување на судските процеси против политичарите, истакнувајќи дека тоа е спротивно на владеењето на правото. „Денешните постапки на претседателот Иванов не се во согласност со моето разбирање за владеењето на правото. Во контекст на развојот на овие настани, имам сериозен сомнеж дали веродостојни...

Иванов ги информирал Пахор и Грабар Китаровиќ за мотивите за денешната одлука

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ги прими претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар Китаровиќ, со кои разговарал за актуелните случувања во регионот и во Европа, за мигрантската криза, како и за македонските европски и евроатлански интеграции и предизвиците со кои се соочува земјата на внатрешен план. Иванов, како што се наведува во соопштението...

(Видео) Демонстрантите фрлаа со јајца кон канцеларијата на Иванов

Околу 50 јајца завршија во излогот на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов која се наоѓа во центарот на градот. Неколку стотици граѓани револтирани од одлуката на претседателот да ги аболира сите политичари му порачаа дека е фикус. Демонстрантите извикуваат „Хорхе, ти си фикус“, „Мафија во робија“, „Убијци, убијци“, „Нема правда нема мир“. https://youtu.be/diJuTxqYFW0

ЈСП: Неделен возен ред на велигденските празници

ЈСП соопшти дека од утре, петок, до понеделник јавниот превоз јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Утре ќе има исклучок за линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55,...