fbpx

ВМРО-НП: Прво правосилна пресуда, потоа амнестија

-

„ВМРО-Народна партија пред година и половина беше иницијатор за донесување закон за амнестија низ собраниска процедура. За сето ова време, иако жестоко критикувани, продолживме да го браниме овој став затоа што бевме убедени дека кризата на крај ќе заврши со амнестија, која ќе е далеку понеправедна и селективна, а за која опоменувавме во повеќе наши соопштенија“, стои во соопштението од ВМРО-НП.

„Ние ги разбираме намерите на претседателот Ѓорги Иванов, меѓутоа начинот и формата на неговата лична одлука не соодејствуваат со состојбите што ги имаме денес. ВМРО-Народна партија бараше закон за амнестија донесен во Собранието на Република Македонија со претходна целосна согласност од четирите најголеми политички партии, која ќе се однесуваше само за кривични дела од сферата на изборните нерегуларности и за осудени лица со полесни кривични дела, што во Македонија се казнуваат со несоодветно високи казни“, стои во соопштението.

ВМРО-Народна партија потсетува дека во тоа време не беше почнато објавувањето на „бомбите“, кризата беше на почеток и спротивставеноста помеѓу политичките партии не беше толку жестока.

„Цениме дека во тоа време, помирувањето беше многу полесно изводливо, отколку денес, за што задоцнето се залага Иванов и речиси претставува невозможна мисија. ВМРО-Народна партија смета дека дополнително влошената политичка криза од емитувањето на содржините на „бомбите“, покажа дека актуелните политички лидери немаат капацитет за решавање на кризата и затоа беше неопходна меѓународна посредничка интервенција што резултираше со Договорот од Пржино. Една од главните точки на договорот беше формирање на Специјално јавно обвинителство, кое почна со работа, а со овој личен акт за помилување од Иванов, целосно ќе биде суспендирано, што може да предизвика реакција од меѓународната заедница за целосно изолирање на Македонија“, се вели во соопштението.

ВМРО-Народна партија мисли дека сите почнати судски процеси и тие што допрва ќе се отворат, а се во врска со содржините на прислушуваните разговори, треба да се завршат со првосилна пресуда, а потоа врз тие лица да се примени мерката амнестија како милост од државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...