fbpx
Таг: Стево Пендаровски

таг: Стево Пендаровски

Реакции за скандалите на Клиниката за онкологија, се бара одговорност

„Фрапантни и згрозувачки се јавно достапните информации за сомнежите за злоупотреба на терапијата за лицата болни од рак. Наместо на тие лица соочени со најтешката дијагноза да им пружи целосна поддршка и заштита, здравствениот систем очигледно потфрлил, со што е изгубена довербата не само кај тие болни, туку е доведен во прашање и квалитетот на лекување на секој иден...

Пендаровски: Без внатрешни опструкции, државата може да стане членка на ЕУ и пред 2030 година

Без внатрешни опструкции Македонија може да стане членка на ЕУ и пред рокот од 2030 година, a потврда за тоа се зборовите на француската министерка за европа Лоренс Бун, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски во одговор на новинарско прашање дали очекува опозицијата и натаму да остане против измените на Уставот по изјавите од францускиот претседател Емануел Макрон...

Пендаровски – Павел: Безбедноста на Западен Балкан зависи од европската перспектива

Со чешкиот претседател Петр Павел сме согласни дека стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан, како и неговиот демократски развој, зависат од неговата европска перспектива, изјави претседателот Стево Пендаровски, на заедничката прес-конференција со чешкиот претседател. Пендаровски денеска и утре престојува во официјална посета на Република Чешка. „Тоа е причина повеќе Европската Унија да го зголеми своето присуство во нашиот регион за...

Пендаровски во Чешка ќе се сретне со неговиот колега Петр Павел

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре престојува во официјална посета на Чешката Република, соопштија од владиниот кабинет. Во Прага претседателот со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Чешката Република, Петр Павел, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, а предвиден е и пленарен состанок на делегациите на двете држави. Претседателот Пендаровски ќе оствари средби и со претседателот на Сенатот...

Пендаровски ги пречека маратонците во Охрид, победи Алесио Окипинти од Италија со нов рекорд на патеката

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги пречека учесниците на 36-от Охридски пливачки маратон, соопшти кабинетот на претседателот. Победник на маратонот годинава е Алесио Окипинти од Италија, кој 25 километарската патека ја исплива за 4 часа, 53 минути и 14 секунди, со што по седум години го постави новиот рекорд на Охридскиот маратон. Во женска категорија победи Каролин Жуис од Франција која од...

Пендаровски: Прекршувачите на човековите права во Украина да бидат изведени пред лицето на правдата

„Во последните 18 месеци, светот се соочува со ужасни случаи на воени злосторства, кршење на човековите права, тортура и вонсудски казни извршени од страна на руските воени и паравоени сили. Денес, кога ја потврдуваме нашата позиција за непризнавање на нелегитимната анексија на Кримскиот Полуостров и на другите делови на Украина, би сакал да го свртам вниманието на влошената состојба...

Пендаровски со реакција по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти

Претседателот Стево Пендаровски денеска реагираше по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Тетово и Скопје, каде беше пречекан од градоначалниците на Тетово и Чаир. „Истакнувањето на провокативна националистичка иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост со што недвосмислено се напаѓаат основните принципи и вредности на Рамковниот договор како и концептот на Македонија...

Четири милиони долари ќе се влеат во државниот буџет од продажбата на имот на СФРЈ

На сметката на Мисијата на Република Македонија при Организацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк се префрлени пари од поделбата од продажба на имот на СФРЈ, по продажбата во септември, реагираше денеска опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека на два пати, во декември лани и јуни годинава, Љубомир Фрчкоски како амбасадор, добива официјални инструкции да ги врати парите во...

Илинден одбележан и во манастирот „Св. Прохор Пчински“ од Пендаровски и Вучиќ

Денот на републиката - 2 Август денеска беше одбележан и во манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија и положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ. Македонскиот претседател Стево Пендаровски и неговиот српски колега Александар Вучиќ го разгледаа манастирскиот комплекс и одржаа билатерална средба, информираат од претседателскиот кабинет. Претседателот Пендаровски и...

Пендаровски: Само од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска

Денес, на Илинден, сеќавајќи се на трите македонски републики – Крушевската од 1903-та, АСНОМ-ската од 1944 и независната од 1991 година, треба да бидеме свесни дека само од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска, порача претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на одбележувањето на 2 Август - Денот на Републиката во Меморијалниот центар на АСНОМ...

Државниот врв со честитка по повод празникот 2 Август: Илинден живее во сите нас

Македонскиот државен врв денеска упати честитки по повод одбележувањето на државниот празник 2 Август - Денот на Републиката. Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упатија честитки до граѓаните. Во честитката на претседателот Стево Пендаровски се вели дека на нашиот најсветол празник Илинден се потсетуваме на генерациите кои се изборија за двете наши републики...

Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан одликувани со Орден за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски, вчера вечерта на свечена церемонија во Кабинетот на Претседателот со „Орден за заслуги за Република Северна Македонија“ ги одликуваше Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан за извонредното, автохтоно и уникатно музичко творештво во рамките на џез-рок групата „Леб и сол“, како нејзини предводници, со којашто оставија трајни вредности во современата македонска музика и...

Претставници од власта оддадоа почит на жртвите од скопскиот земјотрес

Денеска се одбележува шеесетгодишнината од земјотресот што го потресе Скопје во 1963 година, а голем број претставници од државната и локалната власт положија цвеќе, оддавајќи почит кон жртвите. Претседателот Стево Пендаровски положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот од 1963, на Градските гробишта Бутел во Скопје. Почит кон загинатите во земјотресот оддадоа и делегации од Собранието и Владата на Република...

Пендаровски од Пустец порача – она што Албанците го имаат во Македонија, да го имаат и го имаат и Македонците што живеат во Албанија

Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, на покана на албанскиот претседател Бајрам Бегај, денеска ја посети Албанија, поточно општините Пустец и Подградец. Во Глобочeни, близу Пустец, претседателот Пендаровски и претседателот Бегај го посетија Музејот посветен на ликот и делото на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе. Во музејските простории, претседателите Пендаровски и Бегај и делегациите на двете...

Пендаровски се сретна со Финула Ни Оилин, специјална известувачка на ОН за човекови права и антитероризам

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Финула Ни Оилин, специјална известувачка на ОН за човекови права и антитероризам, која престојува во работна посета на земјава. Од кабинетот информираат дека известувачката е фокусирана на активностите кои ги презема Северна Македонија со цел репатријација, гонење, реинтеграција и рехабилитација на нашите државјани, повратници од североисточна Сирија, како и враќање, рехабилитација и реинтеграција на...

Судскиот совет ќе ги испитува обвинувањата на австрискиот амбасадор кој обвинува за корупција во судски случај

Судскиот совет на работна средба донел заклучок да ги провери наводите на австрискиот амбасадор во земјава, Георг Вуцас, кој вчера преку австриската амбасада побара смена на судии и обвинители кои постапувале во спор меѓу австриска и валандовска компанија и обвини дека Австријците не можат да наплатат долг од 4,5 милиони евра, иако за тоа постои пресуда на Меѓународниот арбитражен...

Честитки од Пендаровски и Ковачевски за Курбан бајрам

По повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, упатија честитка до сите граѓани од исламска вероисповед. „Ви посакувам празничните денови да ги поминете во слога, хармонија и благосостојба помагајќи им на сите на кои им е потребна помош, поткрепа и разбирање. Курбан бајрам, празникот кој се темели на солидарноста и дарежливоста, нека биде поттик...

Агелер: Приклучувањето на Северна Македонија кон ЕУ ќе ѝ помогне на земјава да се справи со корупцијата

Приклучувањето на Северна Македонија во Европската Унија, меѓу другото, ќе ѝ помогне на земјава подобро да се справи со домашните предизвици, а еден од нив е корупцијата. Ова го истакна американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер за време на обраќањето на конференцијата „Односите на САД и Северна Македонија во ера на геополитички превирања“ што ја организираше Претседателскиот центар за...

Младинските состојби укажуваат на потребата од Политичко образование

Кај младите во земјава постои сериозен авторитарен полнеж, особено кога се работи за вредности кои тангираат етнички/национални теми или демократско управување со државата. Ова е дополнителен индикатор кој укажува на потребата од политичко образование, се наведува во истражувањата на Фондацијата за демократија на Вестминстер, според кои дури 57% од младите не се воопшто заинтересирани и не ги следат политичките...

Утре ќе се одржи конференцијата „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите“

Претседателскиот центар за политичко образование во соработка со Фондацијата „Метаморфозис“ во хотелот „Лимак“ утре ќе ја организираат конференцијата „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите во Република Северна Македонија“, на која ќе се обрати претседателот Стево Пендаровски, информираат од претседателскиот кабинет. На отворањето на конференцијата ќе се обратат и Дирк Јан Коп, амбасадор на Кралството Холандија во Северна Mакедонија, Бардил...

Оставки во СДСМ по изборниот пораз, калкулации во ВМРО-ДПМНЕ за коалиции во идната влада

Потпретседателите на СДСМ Перо Костадинов и Фатмир Битиќи вчера вечерта, по објавувањето на прелиминарните резултати од парламентарните избори поднесоа оставка од партиските функции, а Битиќи побара тоа да го...