fbpx

Пендаровски од Пустец порача – она што Албанците го имаат во Македонија, да го имаат и го имаат и Македонците што живеат во Албанија

Во изјава за медиумите, претседателот Пендаровски посочил дека овде е концентриран најголем број на Македонци на подрачјето на Албанија и дека жителите на Пустец и учениците имаат одлични услови за образование и настава на мајчин јазик

-

Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, на покана на албанскиот претседател Бајрам Бегај, денеска ја посети Албанија, поточно општините Пустец и Подградец.

Во Глобочeни, близу Пустец, претседателот Пендаровски и претседателот Бегај го посетија Музејот посветен на ликот и делото на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе. Во музејските простории, претседателите Пендаровски и Бегај и делегациите на двете земји остварија пленарна средба.

Пендаровски и Бегај. Фото: Кабинет на претсдател на РСМ

На средбата беше изразено задоволство од традиционалното пријателство и засилената соработка меѓу двете земји, како и уверување дека меѓусебната поддршка и размената на искуства ќе продолжат и во иднина со цел постигнување на стратешките цели и целосна интеграција на двете држави во Европската Унија.

„Во Пустец, претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска го посетија комбинираното основно и средно училиште „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ и библиотеката на отворено каде беа изложени книги на македонски и албански јазик. За време на посетата на училиштето претседателот Пендаровски донираше и книги на македонски јазик од Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Живко Чинго и други автори“, имформираат од претседателскиот кабинет.

Во изјава за медиумите, претседателот Пендаровски посочил дека овде е концентриран најголем број на Македонци на подрачјето на Албанија и дека жителите на Пустец и учениците имаат одлични услови за образование и настава на мајчин јазик.

Во Глобочeни, близу Пустец, Пендаровски и Бегај го посетија Музејот посветен на ликот и делото на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе. Фото: Kaбинет на претседател на РСМ

„Заблагодарувајќи се за поканата од претседателот Бегај, претседателот Пендаровски посочи дека оваа пријателска посета е со цел да покажеме дека нашите малцинства кои живеат во други држави ги имаат истите услови за живот, како во своите матични држави. Тој кажа дека она што Албанците го имаат во Македонија, треба да го имаат и Македонците што живеат во Албанија“, додавајќи дека двете држави во однос на грижата за националните малцинства можат да бидат пример за сите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...