четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Пустец | 29 резултати

Заев и Рама ќе ги посетат Пустец и Мала Преспа

декември 16, 2017

Премиерот Зоран Заев и неговиот домаќин, албанскиот премиер Еди Рама денеска ќе ги посетат Македонците кои живеат во Мала Преспа и Пустец, а ќе имаат средба претставниците на локалната самоуправа и ќе донираат опрема за учениците. Владите на Република Македонија и на Република Албанија вчера во албанскиот град Поградец ја одржаа својата прва заедничка седница, […]

Едмонд Темелко доби уште 30 дена притвор

октомври 27, 2017

Основниот Суд Скопје 1 го продолжи притворот за уште 30 дена на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, кој беше уапсен кон крајот на минатиот месец. Темелко, обвинет за изборни малверзации во случајот „Титаник“ на СЈО, и понатаму  ќе остане во Истражниот затвор „Скопје“. Тој е во притвор од 26 септември, а во „Титаник“, освен него, […]

Македонска алијанса бара безусловно ослободување на Темелко

септември 27, 2017

Македонската партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) порача дека најостро го осудува притворањето на Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец, под обвинение за изборни нерегуларности за локалните избори во Република Македонија во 2013 година. Од партијата велат дека Темелко не се криел од никого и редовно се јавувал во суд, според […]

Едмонд Темелко е во полициска станица во Скопје

септември 26, 2017

Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, обвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности во 2013 година, е во полициска станица, велат од МВР, не појаснувајќи дали сам се пријавил или бил приведен од полицијата. По распитот во полициска станица, Темелко, според решението на судот, треба да биде спроведен во 30-дневен притвор во истражниот затвор во Шутка. […]

Македонците од Албанија го славеа делото на светите браќа Кирил и Методиј

мај 26, 2017

Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, со повеќе манифестации, повеќе денови и во неколку населени места, го одбележаа и етничките Македонци во Албанија. Во општина Пустец, единствената како таква што преживеа со новата територијална кројка во Албанија, во селото Долна Горица, настанот беше одбележан како Ден на писменоста и просветата. Од овој […]

Пустец ги отфрли амандманите за постоење Бугари во Албанија

февруари 28, 2017

Советот на општина Пустец, во Мала Преспа, Република Албанија, на денешната седница едногласно донесе одлука за отфрлање на делот од извештајот напредокот за интеграција на Албанија во Европска Унија. Во извештајот се споменува и се бара признавање на „бугарско“ малцинство и во региони во кои живеат етнички Македонци во Албанија. Меѓу другото, во одлуката од […]

ДИК ќе проверува колку лица од Албанија склучиле брак во Македонија

мај 4, 2016

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа едногласно го усвои заклучокот да се задолжат Управата за водење матична евиденција и МВР да утврдат колку лица од Албанија имаат склучено брак во Македонија и на која основа стекнале државјанство. Проверките ќе се вршат таму каде што е утврдено дека на иста адреса живеалиште пријавиле повеќе од 10 лица од […]

Денеска јавна седница на ДИК за конечните бројки

април 15, 2016

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на јавна седница треба да ги гласа извештаите за конечните бројки на спорни гласачи од теренската и од административната проверка. Денеска се очекува надлежните органи, односно Министерството за внатрешни работи (МВР) и Управата за евиденција на матични книги (УЕМК), да ги достават сите информации што се бараат со дополнителните проверки. Во нив спаѓаат информациите […]

ДИК денеска расправа за гласачите од Пустец

април 13, 2016

Државната изборна комисија денеска има седница на која членовите ќе разговараат за жителите од Пустец кои имаат право на гласправо на глас во Македонија. Како што пишува во соопштението на ДИК, за прва точка на дневен ред на денешната седница стои: „Расправа по предлогот да се обратиме до Министерството за внатрешни работи да ни достават […]

ДИК побара од МВР повторно да провери повеќе од 160.000 гласачи

април 13, 2016

Државната изборна комисија им наложи на Министерството за внатрешни работи (МВР) и на Управата за водење матични книги (УВМ) да проверат повеќе од 40.000 гласачи кои не биле дома за време на теренската проверка. Исто така, тие треба да ги проверат и околу 124.000 граѓани кои првично системот на ДИК ги исфрли како неконзистентни, но подоцна членовите […]

Еди Рама се фали со изгледот на Пустец

февруари 23, 2016

Албанскиот премиер Еди Рама, за да покаже како се подобруваат статусот и условите за живот на Македонците во Албанија, на својот фејсбук-профил, напиша: „Општина Пустец, каде што живее македонско малцинство, се менува драматично благодарение на Националната програма за урбанизација со која ќе се зголеми привлекувањето на посетителите на оваа област со извонредна природна убавина“. Кусиот текст е илустриран […]

Според пописот на Илија Димовски, Македонија има 2,4 милиони државјани

февруари 18, 2016

Македонија има 2,4 милиони жители, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во колумна за „Дневник“ насловена „Факти за Mакедонците од Пустец“. Тој својата теза ја поткрепува со податокот дека избирачкиот список се подготвува врз база на регистарот на државјани на Република Македонија, кој го води Министерството за внатрешни работи (МВР), а во него бројот на […]

Перформанс „Македонија вселува – 50 луѓе во 40 квадратни метри“

февруари 15, 2016

Десет лица затворени во тоалет, уште десет на трпезариска маса наменета за четворица, 20 луѓе седнати на тросед – ваква беше сликата денеска во импровизираниот стан од картон и од стиропор поставен во непосредна близина на улицата Максим Ѓорѓија (Максим Горки). Со овој перформанс, граѓанската иницијатива „Заслужуваме подобро“ покажаа како изгледа кога 50 луѓе се сместени во […]

Едмонд Темелко се врати во Пустец

февруари 13, 2016

Едмонд Темелко, актуелниот градоначалник на општина Пустец, единствената на етничките Македонци во Република Албанија, се врати во Пустец. Рано утринава тој беше ослободен по вчерашното приведување од македонската полиција во Ресен, откако Основниот суд Скопје 1 го одби барањето за притвор од Специјалното јавно обвинителство. За градоначалникот Темелко е одредена мерка да се јавува еднаш […]

Жерновски: Криминалот во Центар ќе му пресуди на Груевски

февруари 12, 2016

Андреј Жерновски, градоначалникот на општина Центар, каде што на изборите во 2012 година гласаа жители на општина Пустец, денеска по повод прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство реагираше на својот профил на „Фејсбук“. „ТИТАНИК ТОНЕ !!! СЈО објави дека сантата мраз, во која удри Груевски, е токму изборниот криминал во Центар. „Кривичните дела против гласањето, се […]

Со чистка на актерите од „бомбите“, СДСМ го спрема теренот за избори

јануари 14, 2016

Преку активностите на своите министри во најважните владини ресори и институции, сè поочигледно е дека СДСМ го подготвува теренот за престојните предвремени парламентарни избори, за кои лидерот на партијата, Зоран Заев, во секоја пригода истакнува дека мора да бидат кристално чисти. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во декември ги разреши началниците на секторите за внатрешни […]

Жерновски: ВМРО-ДПМНЕ ја фалсификувала волјата на граѓаните

декември 24, 2015

ВМРО-ДПМНЕ на еден крајно дрзок и грозен начин ја фалсификувала волјата на гласачите, изјави денеска градиначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, откако вчера министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ја извести јавноста дека засега се откриени 22 незаконски гласачи од Пустец, Албанија. – Сакам веднаш да му поставам прашања на Никола Груевски. Има ли поголем […]

Спасовски: Јанкулоска незаконски издавала лични карти

декември 23, 2015

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на прес-конференција обвини дека МВР на чело со поранешната министерка, Гордана Јанкулоска, незаконски издавало лични карти на лица на кои им било овозможено да гласаат на избори. Ова тврдење Спасовски, како што рече, го темели на истрагата што ја спровел изминатиов период, а во која предмет биле личните […]

Учесниците на шестата Школа за млади лидери од Охрид во посета на Општина Пустец

август 23, 2015

Учесниците на шестата по ред Школа за млади лидери, која се одржува во Охрид, под покровителство на претседателот на Република Македонија Ѓорѓи Иванов, викендов се во посета на Општина Пустец, во Република Албанија. Во централното населено место и седиште на општината, селото Пустец, се сретнаа со градоначалникот на единствената македонска општина во Албанија, Едмонд Темелко, […]

Едмонд Темелко, третпат градоначалник на Пустец

јуни 22, 2015

Според првите неофицијални резултати од вчерашното гласање на локалните избори во Албанија, Македонците во општина Пустец го освоија градоначалничкото место и осум од вкупно 15 советници, со што и понатаму ќе ја контролираат локалната власт во областа Мала Преспа, населена само со етнички Македонци. Кандидатот на Македонската алијанса за европска интеграција, Едмонд Темелко, освои 80 отсто […]

Страна 1 од 2