fbpx

Пендаровски во Чешка ќе се сретне со неговиот колега Петр Павел

Претседателот Пендаровски ќе оствари средби и со претседателот на Сенатот на Парламентот, Милош Вистрчил, со претседателката на Домот на пратениците на Парламентот, Маркета Пекарова Адамова и со претседателот на Владата, Петр Фиала

-

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре престојува во официјална посета на Чешката Република, соопштија од владиниот кабинет. Во Прага претседателот со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Чешката Република, Петр Павел, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, а предвиден е и пленарен состанок на делегациите на двете држави.

Претседателот Пендаровски ќе оствари средби и со претседателот на Сенатот на Парламентот, Милош Вистрчил, со претседателката на Домот на пратениците на Парламентот, Маркета Пекарова Адамова и со претседателот на Владата, Петр Фиала.

За време на официјалната посета на Чешката Република, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...