fbpx

Претставници од власта оддадоа почит на жртвите од скопскиот земјотрес

Почит кон загинатите во земјотресот оддаде претседателот Пендаровски, делегации од Собранието и Владата и од Градот Скопје, амбасадори и делегации од дипломатско-конзуларните претставништва во земјава

-

Денеска се одбележува шеесетгодишнината од земјотресот што го потресе Скопје во 1963 година, а голем број претставници од државната и локалната власт положија цвеќе, оддавајќи почит кон жртвите.

Претседателот Стево Пендаровски положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот од 1963, на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Фото: Кабинет на претседател на РСМ

Почит кон загинатите во земјотресот оддадоа и делегации од Собранието и Владата на Република Северна Македонија и од Градот Скопје, амбасадори и делегации од дипломатско-конзуларните претставништва во земјава.

„Годинава се одбележуваат 60 години од катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје на 26 јули, 1963 година. Во земјотресот градот загуби многу сограѓани, претрпе ненадоместлива штета, но ја извојува битката со најголемата природна катастрофа. На денешен ден оддаваме должна почит кон жртвите во земјотресот и изразуваме огромна благодарност на сите од целиот свет кои помогнаа градот повторно да биде обновен и да заживее со нов лик. Скопје стана град на солидарноста, препознатлив по тоа што ги обедини светските пораки на сочувство и споделување со болката и загубата на нашите сограѓани“, се вели во владиното соопштение, откако делегација на Владата предводена од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, во придружба на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик-министерот за образование Агим Нухиу положија цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот.

Фото: Влада на РСМ

По повод 60 годишнината од земјотресот, во Собранието се обрати и премиерот Димитар Ковачевски.

„Денес се сеќаваме на загинатите, сочувствуваме со нивните семејства кои сѐ уште ја чувствуваат болката, но исто така се сеќаваме и на храброста на сите оние кои од хаосот и руините на 26 јули, помогнаа да се роди едно ново Скопје. Од една од најголемите трагедии кои ги доживува, градот со помош на скопјани, но и со помош од целиот свет успева да се издигне повторно
Скопје се издигна врз темелите на урнатините и уништеното, се роди едно ново, модерно Скопје кое внесе нов, космополитски дух и енергија во која се сплотуваат старото и новото, современото и традиционалното“, рече Ковачевски и додаде:

„Градот убав повторно никна“.

Годишнината од скопскиот земјотрес ја обележа и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Фото: Град Скопје

„Овој ден засекогаш ќе биде врежан во колективната меморија на скопјани, на овој ден тие се сеќаваат на жртвите, но и искажуваат благодарност на сите оние што учествувале во спасувањето на животи од под урнатините. Скопје никогаш нема да ја заборави хуманоста која ја покажа светот и на овој ден изразува благодарност кон сите оние народи и држави кои помогнале градот повторно да се изгради. Скопје памети, а скопјани се благодарни на помошта, хуманоста и солидарноста. Никогаш нашиот град нема да ја заборави подадената рака, секогаш ќе биде поддршка и ќе пружи помош кога таа ќе биде некому потребна“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...