fbpx
Таг: Стево Пендаровски

таг: Стево Пендаровски

Пендаровски за бегството на Мијалков: Неприфатливи случувања за земја која очекува преговори за членство во ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски во врска со бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков ги повикува сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки со цел да биде спроведено судското решение за негов притвор. „Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската Унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем и градење доверба во правната...

Пендаровски: Неопходен е Закон за вонредна состојба за да се избегнат празнините со кои се соочивме

На иницијатива на Претседателскиот центар за политичко образование, денеска се одржа конференција на тема „Вонредна состојба: научени лекции и идни предизвици“, на која се дискутираше за потребата за изготвување Закон за вонредна состојба. Во своето обраќање на отворањето на конференцијата, претседателот на државата Стево Пендаровски се осврна на минатогодишната состојба, кога во услови на распуштено Собрание и парализа на Владата,...

Објавен јавен повик за Школата за политики организирана од кабинетот на претседателот Пендаровски

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија објавува јавен повик за Школата за политики организирана од Претседателскиот центар за политичко образование, чија цел е поврзување на учесниците со различно професионално искуство, кои имаат желба со своите знаења и вештини да придонесат за позитивен развој на општеството. Во согласност со протоколите за работа во време на пандемија, школата ќе се одржи...

Пендаровски најавува можност за кратко одложување на пописот, Мицкоски вели дека е доцна за компромис

Постои отворена опција за пролонгирање на рокот за спроведување на пописната акција од 1 до 21 април годинава, според донесениот Закон за попис, доколку претходно за тоа се постигне политички консензус. Ова прашање го наметна претседателот Стево Пендаровски во синоќешното гостување на ТВ24, при што посочи дека одговорноста во овој случај треба да биде кај власта и таа да...

Пендаровски и Заев ја истакнаа важноста на локалната самоуправа во спроведување на пописот

Спроведувањето на кредибилен попис е тест за нашата зрелост како држава, истакна претседателот Стево Пендаровски на средбата што Државниот завод за статистика ја организираше со градоначалниците на општините, а беше посветена на значењето и улогата на локалната самоуправа во процесот на подготовка и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во 2021 година. „Пописот е исклучително важен за димензионирање...

Статистика организира средба на градоначалниците за пописот – во Собранието повикан државниот врв

Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека утре со почеток од 12 часот, во Собранието на Република Северна Македонија, организира работна средба на која се поканети сите градоначалници на општините во нашата држава. Средбата се организира со цел информирање и координација со локалната самоуправа со цел непречено организирање на пописот, а на неа ќе присуствуваат и претседателот Стево Пендаровски, премиерот...

Пендаровски го потпиша Указот за Законот за попис, очекува процесот да не се политизира

Претседателот Стево Пендаровски, по извршените консултации со правни експерти, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година. Како што соопштија од претседателскиот кабинет: „Претседателот Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што...

Пендаровски: Овој празник да ни биде духовна поткрепа за да истраеме во солидарноста и трпението

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, претседателот на државата, Стево Пендаровски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан. „Годинава, за жал, Богојавление - Водици го празнуваме во несекојдневни околности предизвикани од пандемијата на ковид-19, која ги загрози нашите животи, здравје, благосостојба, но...

Пендаровски и МНР го осудија палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани

Претседателот Стево Пендаровски го осуди чинот на палење на знамето на Бугарија на Вевчански карневал. „Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување,“ напиша тој на неговиот фејсбук-профил. Министерството за надворешни работи палењето на бугарското знаме го оцени како штетен по угледот...

Екологистите апелираат претседателот Пендаровски итно да го стави Охрид под привремена заштита

Граѓанската организација Фронт 21/42 упати апел до претседателот на државата, Стево Пендаровски лично да се заложи за извршување на меѓународнитe договори кои ги ратификувала земјава и на тој начин да помогне да се заштити природното и културното богатство на Охридскиот регион. Екологистите, по објавувањето на загрижувачкиот нацрт-извештај на УНЕСКО, со кој се заклучува дека Охрид е подготвен да се најде...

Честитки за Божик упатија претседателот Пендаровски, Џафери, Заев

Државниот врв на верниците им го честита големиот христијански празник Божик, кој се одбележува денеска по Јулијанскиот календар. По повод празникот, претседателот на државата, Стево Пендаровски упати писма со честитки до граѓаните, поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев. „Ви посакувам, деновите од празникот...

Пендаровски со новогодишна порака: 2020 беше една од најтешките години, пандемијата ќе помине

Stevo Pendarovski
Пред самиот почеток на новата 2021 година, државниот и политичкиот врв во државата, испратија во јавноста пораки со желба за здравје во следната година и побрзо надминување на последиците од ковид пандемијата која во 2020 имаше значајни здравствени и економско-социјални ефекти врз македонските граѓани. Претседателот Стево Пендаровски во својата честитка потсети дека 2020 беше една од најтешките години од македонската...

Заев најави помош од 100.000 евра за Хрватска, Пендаровски со сочувство кон настраданите во земјотресот

Владата на денешната седница донесе одлука за финансиска помош од 6 милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриња, информираше премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил. „Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите. До премиерот Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот упатувам силна поддршка. Во име на сите граѓани...

ССКМ додели признанија за македонски квалитет на 10 претпријатија

Десет претпријатија го добија престижното признание за македонски квалитет, што традиционално, секоја година го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија, ССКМ. Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, во претседателската резиденција „Вила Водно“ денеска се доделија признанијата на претпријатијата кои придонесуваат за развојот на македонската економија и го афирмираат македонскиот квалитет во земјата и надвор. Пендаровски и претседателката на ССКМ,...

Пендаровски им го честита Божик на католичките верници

По повод големиот христијански празник Божик, според Грегоријанскиот календар, до сите католички и други верници кои го слават, како и до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко-скопски епарх, денеска честитка упати претседателот Стево Пендаровски. „На сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар, им го честитам големиот празник и им посакувам празничните денови да ги поминат во...

Пендаровски за прв пат го додели признанието „Успешни млади“ на 8 добитници

Претседателот Стево Пендаровски денеска за прв пат го додели признанието „Успешни млади“ на 8 добитници, во рамки на проектот инициран за поттикнување на научната, истражувачката и креативна работа на младите луѓе од земјава. Во своето обраќање тој изрази уверување дека преку оваа иницијатива ќе се придонесе кон вреднување на трудот и знаењето на младите, зголемувајќи ја мотивацијата за нови достигнувања...

Пендаровски: Не смееме да дозволиме негативни кампањи и теории на заговор против вакцинација од ковид-19

Пред почетокот на денешното, годишно обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието на РСМ, сите присутни во салата со едноминутен молк им оддадоа почит на 2.169 граѓани кои ја загубија битката со корона вирусот. Пендаровски им се заблагодари и на лекарите, на медицинскиот персонал и на сите граѓани кои беа и сѐ уште се на првата линија на фронтот...

Пендаровски: Јазикот и историјата ѝ го даваат идентитетот на Северна Македонија – а јазикот не е бугарски

Тие велат дека постојат етнички Македонци…. Но дека одеднаш, сме се разбудиле едно утро и сме рекле: „Аха! Сега сме всушност етнички Македонци, а вчера бевме етнички Бугари. Така што, тоа е апсолутен историски нонсенс, вели претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во интервју за влијателниот ЕУ Обсервер, зборувајќи за тезите на официјална Бугарија за прашањата за идентитетот...

Во услови на пандемија, неопходно е да се инсистира на почитување на фундаменталните човекови права

Милиони луѓе, вклучително и наши граѓани не ги уживаат универзалните права поради низа структурни нееднаквости и системски неправди, поради говор на омраза, дискриминација, насилство и нетрпеливост кон различностите. Не смееме да бидеме рамнодушни и да игнорираме какво било непочитување на основните човекови права, што може да ескалира во која било форма на насилство. Секој од нас е должен да...

Ден на албанската азбука- Пендаровски: Јазикот и културата се фундаменти на секој народ

Денеска, 22 Ноември, граѓаните од албанската националност го одбележуваат Денот на албанската абука, кога во Битола во 1908 година на конгрес се поставиле темелите на албанскиот јазик. По тој повод повеќе политички личности од РСМ упатија честитки и пораки во јавноста. Претседателот на државата Стево Пендаровски во честитката до припадниците на албанската етничка заедница во РСМ рече дека токму овој...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...