fbpx

Пендаровски и МНР го осудија палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани

-

Претседателот Стево Пендаровски го осуди чинот на палење на знамето на Бугарија на Вевчански карневал.

„Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување,“ напиша тој на неговиот фејсбук-профил.

Министерството за надворешни работи палењето на бугарското знаме го оцени како штетен по угледот на државата.

„Вековна традиција не смее да биде загрозена преку активности со кои се омаловажуваат или навредуваат народи, држави, особено нашите соседи. Го осудуваме палењето на знамето на Република Бугарија на Карневалот во Вевчани, чин кој не само што го нарушува реномето на Карневалот туку и нанесува штета на угледот на Република Северна Македонија,“ пишува на официјалниот фејсбук-профил на МНР.

Извор на фотографија: МНР

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева на нејзиниот фејсбук-профил објави дека амбасадорот Ангелов упати остар вебрален демарш во Министерството за надворешни работи.

„По повод информациите за запалено бугарско знаме во селото Вевчани во Република Северна Македонија му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје да го искаже пред Владата на Република Северна Македонија, нашето силно несогласување со овој вандалски чин,“ напиша Захарева на Фејсбук.

Србија и Унгарија ќе му предложат на регионот да се приклучи кон изградбата на брза пруга

Србија и Унгарија ќе ги поканат Северна Македонија, Албанија, Грција, Бугарија и Турција да се приклучат кон изградбата на брзата железница во регионот, која за почеток ќе ги поврзува...
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Nulled WordPress Themes
lynda course free download
download intex firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
online free course