Статистика организира средба на градоначалниците за пописот – во Собранието повикан државниот врв

Фото: Арбнора Мемети

Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека утре со почеток од 12 часот, во Собранието на Република Северна Македонија, организира работна средба на која се поканети сите градоначалници на општините во нашата држава.

Средбата се организира со цел информирање и координација со локалната самоуправа со цел непречено организирање на пописот, а на неа ќе присуствуваат и претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, како и министерот за правда Бојан Маричиќ, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.