fbpx
Таг: Собрание

таг: Собрание

Во Собранието продолжува 80. седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 80. седница со расправа за измените и за дополнувањата на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, по скратена постапка. На дневен ред се и дополнувањето на Законот за платите на судиите и измените и дополнувањата на Законот за платите на јавните обвинители, двата по скратена постапка. Пратениците ќе ги разгледаат и предлог-измените...

Заев: Ова е последен 24 декември за власта на Никола Груевски

Денешниот датум, 24 декември, ќе остане во историската меморија на Македонија како ден кога власта на Никола Груевски брутално ја погази парламентарната демократија во Република Македонија, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев пред Собранието. - Прекршија Устав и закони. Ја искористија полицијата за да ги штити. Исфрлија новинари и пратеници од собраниската сала. Зад затворени врати тесната група околу Груевски...

Иванов: Политичкиот воздух стана загаден и почна да нè задушува

Претседателот Ѓорге Иванов денешното годишно обраќање во Собранието го посвети на политичката криза во Македонија, предизвиците со кои се соочува светот, тероризмот, екстремизмот, бегалската и мигрантската криза. Иванов рече дека оставаме година во која Македонија се соочи со огромни предизвици, како на глобален, така и на домашен план. Претседателот рече дека Македонија изминатата година се соочила со три закани, политичката...

Иванов се обраќа само пред пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Почна обраќањето на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во Собранието на Република Македонија. На свечената седница присуствуваат само пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците од ДПА и од ДУИ не се во салата затоа што не го признаваат Иванов за претседател, а пратеничката група на СДСМ не присуствува на годишното обраќање на претседателот на државата поради, како што рекоа, понижувањето на функцијата. – Учинокот...

Пратениците не изгласаа интерпелација на министерот Тодоров

Со 29 гласа „за“ и со 56 гласа „против“, пратениците во Собранието на Република Македонија ја отфрлија интерпелацијата на министерот за здравство, Никола Тодоров, која беше поднесена од пратеничката група на СДСМ. Претходно, за време на расправата, пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаскa, обвини дека Тодоров е виновен за смртта на Тамара, смртта на родилката од Гевгелија, за нефункционирањето на „Мој термин“ и...

Опозицијата зборува за Тодоров, позицијата за лажните лични карти

„Господине Тодоров, Вие сте лично и директно одговорен за смртта на Тамара. Нели Ви одѕвонуваат во свеста пораките на мајката на Тамара, што Ви ги упати на протестот пред Министерството за здравство“, го праша пратеникот Горан Мисовски министерот Тодоров. - Имавте желба малата Тамара да биде првиот пациент во центарот за сколиоза и поради тоа тактизиравте. Побарајте си го на...

СДСМ утре ќе го бојкотира обраќањето на Иванов во Собранието

Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Горан Сугарески, денеска на паузата од собраниската седница изјави дека ВМРО-ДПМНЕ повторно го крши Договорот од Пржино со тоа што одби законот за јавнообвинителска служба на специјалното обвинителство да се донесе по скратена постапка. - Со ова само се докажува стравот на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ и затоа не сакаат овој...

ВМРО-ДПМНЕ е против тоа законот за Јанева да се донесе по скратена постапка

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против тоа законот за јавнообвинителска служба на специјалното јавно обвинителство да се донесе по скратена постапка. - Испратив барање до координаторите на пратеничките групи за законот да се донесе по скратена постапка, со оглед на тоа што тој произлегува од Договорот од Пржино, како и со оглед на апелите на Јанева – рече координаторот на СДСМ,...

Утре граѓански протест за интерпелација на Никола Тодоров

Пред Собранието на Република Македонија, утре, со почеток во 18 часот, ќе се организира протест на кој граѓаните ќе побараат пратениците да гласаат за разрешување на министерот за здравство, Никола Тодоров. „Мора да има одговорност за системот кој убива, наместо да лечи! Да му кажеме на министерот „Смрт“ дека дојде времето да ја понесе одговорноста и самиот да си замине...

Јавните обвинители ќе добиваат повисоки плати за прекувремена и за работа на празници

Јавните обвинители и судиите ќе добијат повисоки плати за прекувремена работа и за работа на празници од 35 до 50 отсто. Ова го предвидуваат предлог-законите за измени и за дополнување на Законот за плати на јавните обвинители, односно судии, кои веќе се во собраниска процедура по скратена постапка. Предлагач на двата предлог-закони е Владата, а претставници се министерот за правда,...

Новите членови на ДИК денеска ќе дадат свечена заклетва

Денеска, во 14 часот, пред пратениците во Собранието, новите членови на ДИК треба да дадат свечена заклетва. Членови од редот на експертите се Александар Чичаковски, кој ќе биде и претседател на комисијата, Реџеп Прекопуца кој ќе биде и потпретседател, и Атанас Урумов. Членови од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат Силвана Бонева и Сашо Срцев, од ДУИ - Субхи Јакупи, од СДСМ - Виолета Дума и Игор Милев, а од ДПА...

Пратениците ги изгласаа новите членови на ДИК

Собранието на денешната седница со 102 гласови „за“, без воздржани и без гласови „против“, ги изгласа членовите на Државната изборна комисија. За претседател на комисијата е избран Александар Чичаковски, а за потпретседател - Реџеп Прекопуца, и двајцата од редовите на експертите. Членови на комисијата се и Атанас Урумов, исто така, од редот на експертите, Силвана Бонева и Сашо Срцев на предлог...

Мирјана Кузмановска и Иван Иванов ќе ги заземат местата на Бонева во Собранието

Пратеничката Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе биде партиски член на Државната изборна комисија, во собраниските клупи ќе биде заменета од Мирјана Кузмановска, која е следна на пратеничката листа во четвртата изборна единица. Местото во Анкетната комисија за скандалот со прислушуваните разговори ќе го заземе пратеникот Иван Иванов од ВМРО-ДПМНЕ.

Шилегов: Избирањето членови не значи дека ДИК е подготвена за фер избори

Самиот избор на членовите на Државната изборна комисија не значчи дека е целосно подготвена за спроведување фер избори во април следната година, рече денеска на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов. Според него, ДИК има уште голем број обврски што произлегуваат од законот, а во моментов не располага ниту со потребната техника за преземање на избирачкиот список. - ДИК има огромен број...

Собранието денеска ќе ги избира членовите на ДИК

Денеска, во 11 часот, во Собранието на Република Македонија ќе се одржи седница на Комисијата за прашања на изборите и на именувањата, на која ќе се утврдува предлог-одлука за избор на претседател, потпретседател и на членови на Државната изборна комисија. По оваа комисиска седница се очекува да се одржи и пленарна седница, на која ќе се именуваат новите членови на ДИК. Лидерите на...

Во Собранието денеска три седници на комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и за буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците и за одбрана и безбедност. На седницата на Комисијата за финансирање и за буџет се предлог-законите за изменување и за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, во прво читање, и на Законот за регистрирање готовински плаќања, во второ...

„Неписмен“, „Глуп“, „Ќути“, „Доста збориш“, „Какво детство си имала“ – вака се разговара во Анкетната комисија

„Неписмен“, „Глуп“, „Ќути“, „Доста збориш“, „Не знаеш да водиш седница“ и „Какво детство си имала“. Ова се само дел од навредите што пратениците, членови на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, си ги упатуваат секојдневно на седниците. Денеска, пратеничката Владанка Авировиќ, без да добие збор, на претседателот на комисијата, Петре Шилегов, му рече дека е неписмен и дека не знае како...

Јанева поднесе иницијатива за донесување закон за јавнообвинителска служба

Специјалното јавно обвинителство попладнево соопшти дека до Владата и до сите пратеници од Собранието поднело иницијатива за донесување закон за јавнообвинителска служба. „Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и што произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, ја известува јавноста дека со оглед на фактот што до денеска не добивме одговор од надлежните инстутуции во врска со законот за...

Груевски се појави во Собранието, испрашувањето може да почне

Премиерот Никола Груевски пристигна во Собранието на Република Македонија, каде треба да сведочи пред членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Пратениците во оваа комисија треба прво да го изгласаат дневниот ред, а потоа до почне испрашувањето. Според деловникот, први ќе поставуваат прашања двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, еден од СДСМ и еден од ДУИ. Потоа кругот за прашања се...

Јанкулоска не се појави пред Анкетната комисија, на ред е Груевски

Членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушување не го изгласаа дневниот ред на седницата на која требаше да сведочи поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Пратениците отидоа на координација да го договорат редоследот по кој ќе му поставуваат прашања на премиерот, кој треба да сведочи од 12 часот. Според деловникот, први ќе поставуваат прашања двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, еден од...

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...