fbpx

Груевски се појави во Собранието, испрашувањето може да почне

-

Премиерот Никола Груевски пристигна во Собранието на Република Македонија, каде треба да сведочи пред членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Пратениците во оваа комисија треба прво да го изгласаат дневниот ред, а потоа до почне испрашувањето.

Според деловникот, први ќе поставуваат прашања двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, еден од СДСМ и еден од ДУИ. Потоа кругот за прашања се повторува, но наместо ДУИ, прашања поставува ДПА, а во третиот круг прашања ќе поставува независната пратеничка Роза Топузовска-Каревска.

Испрашувањето може да трае најмногу осум часа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.