fbpx

Опозицијата зборува за Тодоров, позицијата за лажните лични карти

-

„Господине Тодоров, Вие сте лично и директно одговорен за смртта на Тамара. Нели Ви одѕвонуваат во свеста пораките на мајката на Тамара, што Ви ги упати на протестот пред Министерството за здравство“, го праша пратеникот Горан Мисовски министерот Тодоров.

– Имавте желба малата Тамара да биде првиот пациент во центарот за сколиоза и поради тоа тактизиравте. Побарајте си го на „Гугл“ Вашето име. Речиси сите вести поврзани со Вас се лоши. Што уште треба да се случи за да си заминете. Во Црна Гора министерот за здравство даде оставка затоа што починало едно дете, а Вие, како висококвалификуван столар, зборувате за шкафчиња и за столчиња како инвестици во здравството. Ова е под секое човечко достоинство. Очекував дека во Вашиот говор ќе покажете дека Ви е жал. Не забаравајте го и негативниот извештај од Државниот завод за ревизија за Министерството за здравство. Да Ве потсетам на „бомбата“ во која Вие како шеф на изборен штаб го убедувате Јанакиески дека требало лифтовите во зградите да се исклучуваат уште рано наутро, а Вие сте министер за здравство – рече Мисовски.

Тој на Тодоров му порача дека останува на неговата чест, достоинство и одговорност дали ќе поднесе оставка за катастрофата што се случува во здравството.

До министерот Тодоров се обрати и пратеникот Ален Георгиев од редовите на СДСМ, кој рече дека е жално што Тодоров сè уште не го научил првиот принцип во здравсвото, а тоа е да не му се наштети никому.

– Бркајќи во болниците доктори и сестри што спијат на работно место, ќе беше многу чесно да влезевте во собите и да им објасните на пациентите зошто мора да носат греалки од дома. Вие ќе останете запаметен како министер кој го забранил штрајкот и избркавте новинар од работа затоа што се дрзнал на насловната страница да напише дека докторите штрајкуваат. Требаше многупати досега да си заминете. Дали нездоволството на граѓаните и недовербата во здравството не е доволна причина за тоа? Ако имате малку чест и доблест, поднесете си оставка и да го прекинеме овој циркус од интерпелација – изјави Георгиев.

Тодоров, сепак, продолжи да се фали за проектите што во негово време се направени во здравството.

– Многу гнев и фрустрација. Но, тоа е очекувано. Кажете ми дали е лошо или добро што во Штип има интервентна кардиологија? Исто така, можам да ви кажам дека ако во Македонија останеше истиот број на компјутерски томографи што ги оставивте вие во 2006 година, времето на чекање ќе беше девет и пол години – одговори министерот.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, наместо за интерпелацијата на Тодоров, од собраниската говорница зборуваа за случајот со фалсификуваните лични карти и покажуваа плакати на кои беше министерот Оливер Спасовски со еден од наводните фалсификатори на личните карти.

Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ, во тој контекст, рече дека единствен што треба да поднесе оставка е министерот за внатрешни работи на СДСМ, Оливер Спасовски.

– За што го ставивме вашиот министер? За да фалсификува лични карти? Тој е единствениот кој треба да си поднесе оставка, а овој човек тука треба да биде награден за тоа што се грижи за здравјето на граѓаните – рече Димков, покажувајќи кон Тодоров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...