fbpx

СДСМ утре ќе го бојкотира обраќањето на Иванов во Собранието

-

Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Горан Сугарески, денеска на паузата од собраниската седница изјави дека ВМРО-ДПМНЕ повторно го крши Договорот од Пржино со тоа што одби законот за јавнообвинителска служба на специјалното обвинителство да се донесе по скратена постапка.

– Со ова само се докажува стравот на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ и затоа не сакаат овој закон да се донесе по скратена постака – рече Сугарески.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека засега немаат став за одложување на изборите и дека прават анализи до каде и колку е спроведен Договорот од Пржино.

– Тоа дека од СДСМ бараат да се одложат изборите е само исмислица на ВМРО-ДПМНЕ. Вие гледате дека сите рокови се пробиени, а ВМРО-ДПМНЕ се грижи единствено за 24 април. Не може со непрочистен избирачки список да се оди на избори. Ние моментално правиме анализи колку се спроведува Договорот од Пржино – изјави Сугарески.

Тој, исто така, рече дека нивната пратеничка група нема да присуствува на утрешното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов во Собранието.

Сугарески додаде дека за нив Иванов не е претседател затоа што и претседателските, како и парламентарните избори, биле криминални, а пратениците на СДСМ се присутни во Собранието само поради Договорот од Пржино.

На брифинг за новинарите од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека не го поддржале законот за јавнообвинителска служба затоа што дел од одредбите предвидени во него се веќе опфатени во други закони, а другите членови од законот се спротивни на принципите по кои функционираат другите закони.

Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека со овој закон има предвидено награди кои се три пати повисоки од една просечна плата.

Според ВМРО–ДПМНЕ, вработените во Специјалното јавно обвинителство мора да ги имаат истите права и обврски како и другите вработени во јавните обвинителства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...