fbpx
Таг: Собрание

таг: Собрание

Орав: Поради закани кон мене, Хан и кон Ванхауте, мораме да го зголемиме обезбедувањето

Евроамбасадорот Аиво Орав на седницата на собраниската Комисија за европски прашања и на Националниот совет за евроинтеграции, рече дека европските претставници добивале закани и дека поради тоа мора да се зголеми нивното обезбедување. - Ние сме тука за да ви помогнеме, бидејќи вие сте земја-кандидат. Но, почна негативна кампања против посредниците на Европската унија и кон еврокомeсарот Хан, како и против неговиот...

НСДП: Груевски не може повеќе да смета на партиципација во која било институција

Има некои датуми кои во колективната меморија на граѓаните на Република Македонија ќе останат длабоко врежани, а таков даум е и 18 јануари 2016 година, денот кога и официјално диктаторот Никола Груевски ја напушти премиерската функција и дефинитивно замина од политичката сцена, реаграат со соопштение од НСДП. „По една декада на мрачно авторитарно и корумпирано владеење, почнува темелното демократско реформирање...

Повеќе закони на продолжението на 85. собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 85. седница, на која на дневен ред се повеќе закони во прво читање и автентични толкувања. Пратениците треба да се изјаснат за измените и за дополнувањата на законот за експропријација, на царинскиот закон, на законот за финансиските друштва, на законот за вршење услуги брз трансфер на пари, на законот за ревизија,...

Собранието ја избра преодната влада на премиерот Емил Димитриев

Собранието на Република Македонија со 71 глас „за“ и со девет воздржани, ја избра новата преодна влада која ќе ја предводи премиерот Емил Димитриев. Сите министри од претходниот состав ќе бидат министри и во преодната влада, вклучувајќи ги и министрите предложени од опозицијата, за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и за труд и социјална политика, Фросина Ременски, кои не беа присутни на седницата. Антонио...

Собранието одлучи да се распушти на 24 февруари, вечерва ќе ја гласа новата влада

Седумдесет и два пратеника се изјаснија позитивно по предлог-одлуката за распуштање на Собранието. Против одлуката гласаше еден пратеник, а шестмина беа воздржани. Во салата беа присутни 109 пратеници. Оваа одлука ќе почне да се применува од 24 февруари. Со оваа одлука, предложена од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ, се подготвува теренот за изборите, кои треба да се одржат на 24 април. Опозицијата не беше присутна...

Поповска: Ова е арогантно покажување сила и вовед во нова дестабилизација

Пратениците во Собранието во отсуство на опозицијата ја почнаа расправата за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за распуштање на Собранието. Против тоа оваа одлука да се стави на дневен ред беа пратеникот Павле Трајанов и пратеничката Лилјана Поповска. Павле Трајанов рече дека оваа одлука е спротивна на Уставот и дека вакви одлуки треба да се донесат со согласнот на сите...

Собранието ја констатираше оставката на Груевски, СДСМ ја напушти седницата

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ја констатираше оставката на премиерот Никола Груевски и престанок на мандатот на владата. Сега веќе поранешниот премиер Груевски, не ја искористи законската можност да ја образложи оставката. По говорот на Вељаноски, процедурално збор побара координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски. - Македонските граѓани цели 10 години чекаа да падне главата на режимот и тоа...

Ден на политички инфаркти, преврати и искушенија: Ќе има ли избори, кога и со кого?

Денешниот ден беше полн со политички пресврти. Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска речиси ненадејно, донесе одлука предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април, во согласност со Договорот од Пржино. „Одлуката на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврдува дека Никола Груевски се плаши и бега од слободни, фер и демократски избори“, реагираат од СДСМ на одлуката на ИК на...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање Собранието да се распушти на 24 февруари

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднеле и предлог-одлука на 24 февруари да се распушти Собранието. Во предлог-одлуката се бара „со оглед на исклучителната важност на ова прашање, одлуката да се донесе на првата наредна седница на Собранието“. Денеска Собранието ненадејно одлучи да свика седница на која на дневен ред се поставени три закони, но неофицијално се очекува на седницата да...

Собранието ненадејно закажа седница за 17 часот

Собранието на Република Македонија ненадејно, за 17 часот, закажа седница на која на дневен ред ставени се три закони. Прва точка е предлог-закон за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, втора точка е предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за извршување на санкциите, по скратена постапка, и трета точка е предлог-закон за...

Груевски денеска ќе ја депонира оставката во Собранието

Премиерот Никола Груевски, во синоќешното обраќање до јавноста, соопшти дека денеска наутро до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе ја депонира оставката на функцијата премиер. - Утре до претседателот на Собранието ќе го испратам писмото со оставката на функцијата претседател на Владата, која ќе биде активирана на 100 дена пред изборите. Оваа оставка ја претставува силата на нашето убедување и...

Виолета Дума останува член на ДИК

Собранието на денешната седница не ја разреши Виолета Дума, член на ДИК од СДСМ, затоа што не се обезбеди мнозинство од 82 пратеника. За предлогот за нејзино разрешување гласаа 48 пратеници, 25 беа против, а 14, иако беа во салата, не гласаа. Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои се повикуваат на Изборниот законик и на автентичното толкување на законот, Дума ги...

Собранието ги изгласа членовите на Комисијата за заштита од дискриминација

Собранието на Република Македонија со 62 гласа „за“ и со еден глас „против“, во рамки на 85. седница, ги избра Тони Науновски, Александар Даштевски, Александар Спасеновски, Нена Неновска-Георгиевска, Јован Ананиев, Ирфан Дехари и Беким Кадриу за членови на Комисијата за заштита од дискриминација. Опозицискиот СДСМ номинирањето на Науновски и на Даштевски го оцени како скандалозно, катастрофално, мизерно и дискриминаторско. - Дали...

Ќе се избира претседател на комисијата за аферата со личните карти, СДСМ нема да учествува

Собраниската комисија за прашања на изборите и на именувањата денеска во 11 часот треба да одржи седница. Според дневниот ред, предвидено е да се избере претседател и потпретседател на анкетната комисија што треба да се занимава со расчитување на скандалот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски, утринава ни потврди...

Одложено формирањето на анкетната комисија за фалсификуваните лични карти

Формирањето анкетна комисија за скандалот со фалсификувани лични карти е одложено за неколку дена. Членовите на комисијата за избори и за именувања од СДСМ побараа точката да се отстрани од дневен ред, но претседавачот со комисијата, Трајче Димков, само го одложи формирањето за да им остави простор на партиите да предложат свои кандидати што би членувале во ова тело. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ...

СДСМ денеска нема да предложи членови во анкетната комисија за личните карти

Собраниската комисија за изборите и именувањата денеска треба да ја формира анкетната комисија што треба да го расчисти скандалот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши и други документи. Како што дознаваме од неофицијални извори, опозицијата која гласаше против формирањето на оваа комисија, денеска нема да предложи свои членови за да учествуваат во работата на анкетната комисија. Формирањето на оваа комисија го...

Пратениците денеска се враќаат на работа

За пратениците во Собранието на Република Македонија денеска е прв работен ден во 2016 година. Како подготовка за сесијата на Собранието закажана за понеделник, денеска седници ќе одржат седум комисии. Ќе заседаваат комисиите за здравство, за економски прашања, за прашања на изборите и на именувањата, за труд и социјална политика, за транспорт, врски и екологија, за политички систем и односи меѓу...

Пратениците го изгласаа Законот за јавнообвинителска служба на Јанева

Со 75 гласа „за“, пратениците во Собранието попладнево го донесоа Законот за измена и за дополнување на Законот за јавнобвинителска служба, што го бараше специјалната обвинителка Катица Јанева. Измените беа разгледувани во итна постапка. За два часа ја поминаа расправата на пленарна седница, а потоа и второто читање во собраниските комисии. Со овие измени во постојната регулатива во членот 4 се...

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи. Формирањето на оваа комисија го побара координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. „Имаме обврска по член 17, член 18 и по член 25 од Уставот на Македонија да им гарантираме на граѓаните слобода и тајност на...

Собранието денеска ќе расправа за платите на судиите и на обвинителите

Пратениците денеска ќе расправаат по предлог-законите за изменување и за дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обивнители, Законот за платите на судиите и на Законот за платите на јавните обвинители. Расправата ќе биде по скратена постапка. Станува збор за измени заради тоа што Владата донесе одлука да им ги зголеми платите на судиите и на обвинителите за 35 проценти.

Повторно лажна „наградна игра“ со злоупотреба на КАМ маркети

КАМ маркет е честа мета на дезинформации за лажни „наградни игри“ кои се користат за различни цели и Вистиномер повеќе пати има разобличувано слични објави, каде како и во...