fbpx

Ден на политички инфаркти, преврати и искушенија: Ќе има ли избори, кога и со кого?

-

Денешниот ден беше полн со политички пресврти.

Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска речиси ненадејно, донесе одлука предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април, во согласност со Договорот од Пржино.

„Одлуката на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврдува дека Никола Груевски се плаши и бега од слободни, фер и демократски избори“, реагираат од СДСМ на одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ изборите да се одржат на 24 април.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднеле и предлог-одлука на 24 февруари да се распушти Собранието.

Во предлог-одлуката се бара „со оглед на исклучителната важност на ова прашање, одлуката да се донесе на првата наредна седница на Собранието“.

Денеска Собранието ненадејно одлучи да свика седница на која на дневен ред се поставени три закони, но неофицијално се очекува на седницата да се констатира и оставката на премиерот Никола Груевски.

Зоран Заев, во саботата наутро, по речиси десетчасовни преговори на лидерите на најголемите политички партии во Македонија со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во вилата на ЕУ во скопско Пржино рече дека „Ако има избори на 24 април, СДСМ нема да учествува“.

И покрај спротиставените ставови на двете најголеми политички партии, еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, денеска ги повика македонските политичките лидери да го спроведат Договорот од Пржино, односно да се спроведат избори на 24 април.

– Би било одлично изборите да се спроведат во тој дух, на кој сите се посветени. Во секој случај политичките играчи во земјата треба да се придржуваат до Договорот од јуни, односно јули – рече Хан пред почетокот на Советот за надворешни работи на Европската унија.

Попладнево премиерот Никола Груевски имаше и средба со политичките партии од кoалицијата За подобра Македонија, на која е донесена конечна одлука изборите, сепак, да се одржат според датумот предвиден во Договорот од Пржино.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...