fbpx

НСДП: Груевски не може повеќе да смета на партиципација во која било институција

-

Има некои датуми кои во колективната меморија на граѓаните на Република Македонија ќе останат длабоко врежани, а таков даум е и 18 јануари 2016 година, денот кога и официјално диктаторот Никола Груевски ја напушти премиерската функција и дефинитивно замина од политичката сцена, реаграат со соопштение од НСДП.

„По една декада на мрачно авторитарно и корумпирано владеење, почнува темелното демократско реформирање и враќање во нормала на целокупното општествено-политичко милје. Провладините медиуми колку и да се обидуваат да спинуваат дека тој ќе биде идниот премиер, со ставање во преден план на самораспуштањето на Собранието, а не на оставката, како политички потег кој демонстрира самоувереност дека политички ќе преживее, сепак и на најнеупатените им е повеќе од јасно дека Никола Груевски не може повеќе да смета на партиципација во која било државна институција, па дури ниту на тоа да биде пратеник. Политичката „смрт“ не доаѓа само поради тоа што тој е соочен со кривична одговорност, туку и поради злото што го нанесе на Македонија и го расеа семето на раздор и на омраза помеѓу граѓаните“, пишува во соопштението на НСДП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...