fbpx

Пратениците денеска се враќаат на работа

-

За пратениците во Собранието на Република Македонија денеска е прв работен ден во 2016 година.

Како подготовка за сесијата на Собранието закажана за понеделник, денеска седници ќе одржат седум комисии. Ќе заседаваат комисиите за здравство, за економски прашања, за прашања на изборите и на именувањата, за труд и социјална политика, за транспорт, врски и екологија, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за здравство ќе одржи јавна расправа за предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за здравствената заштита, а потоа ќе одржи седница на која ќе бидат разгледани измените и дополнувањата на Законот за здравствената заштита, во второ читање. На дневен ред на оваа комисија во прво читање се и предлог-закон за изменување на Законот за заштита од пушењето, чии предлагачи се пратениците од опозицијата, и предлог-законите за медицинските сестри и за акушерките и за слободните здравствени зони.

Предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, во прво читање, е на дневен ред на Комисијата за економски прашања.

Комисијата за прашања на изборите и на именувањата денеска треба да донесе одлука за избор на претседател, потпретседател и на членови на Анкетната комисија за скандалот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи. Исто така, на оваа седница треба да бидат утврдени предлог-одлуки за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија и за изменување на Одлуката за основање пратенички групи на Собранието за соработка со парламентите на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави.

Четиринаесет точки на дневниот ред има Комисијата за труд и социјална политика. Членовите на оваа Комисија треба да ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување градежни работи преку проектни договори и за вршење други сезонски работи, на Законот за агенциите за привремени вработувања, измените и дополнувањата на Законот за мирно решавање на работните спорови, измените и дополнувањата на Законот за работните односи, измените и дополнувањата на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, измените и дополнувањата на Законот за безбедност и здравје при работа, измените и дополнувањата на Законот за пензиското и за инвалидското осигурување, измените и дополнувањата на Законот за исплата на пензии и на пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, измените и дополнувањата на Законот за употреба на знаковниот јазик, измените и дополнувањата на Законот за социјалната заштита, измените и дополнувањата на Законот за инвалидски организации, измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, измените и дополнувањата на Законот за вработување на инвалидни лица и измените и дополнувањата на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, сите во прво читање.

Предлог-законите за дополнување на Законот за градење и на Законот за градежно земјиште, двата во прво читање, се на дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се предлог-закон за дополнување на Законот за административни службеници, во прво читање, чии предлагачи се пратеници од опозицијата.

Ќе заседава и Законодавно-правната комисија, на чиј дневен ред се 24 закони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на...