fbpx

Турција воведува визи за Сиријците што доаѓаат по воздушен и по поморски пат

-

Турција денеска воведе визи за Сиријците што во земјата влегуваат по воздушен или поморски пат, во обид да го намали приливот на мигранти.

Турското министерство за надворешни работи соопшти дека цел на новата регулатива е да се намали бројот на Сиријците што во Турција стигнуваат индиректно од други земји, како што се Либан или Египет.

Во соопштението се истакнува дека Сиријците кои во Турција доаѓаат по копно, ќе бидат дочекани како бегалци и оти Анкара ќе ја задржи политиката на „отворени врати“. Многу бегалци се обидуваат од Либан или Египет да влезат во Турција за да преминат во ЕУ.

Според податоците на УНХЦР, 800.000 лица, претежно Сиријци, минатата година по поморски пат стигнале во Грција од Турција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...