fbpx

Амбасадата во Атина нема да ја следи средбата на Ахмети со Коѕиас

-

Денеска во Атина, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас. Средбата Коѕиас-Ахмети е закажана за 12 часот по локално време во грчкото МНР, кое, пак, средбата ја најави преку соопштение само еден час пред нејзиниот почеток.

На средбата нема да присуствува македонскиот амбасадор во Атина, но ни друг претставник од амбасадата. Причината за отсуството на официјалните македонски дипломати во Атина за средбата е фактот што за посетата на Ахмети, ниту ДУИ ниту, пак, од канцелариите на вицепремиерите Бесими и Џафери воопшто не се обратиле и не го информирале ни македонското Министерство за надворешни работи, ниту, пак, канцеларијата за врски на Македонија во Атина.

Според најавата, предвидена е прво тет-а-тет средба, а потоа и средба на грчката со македонската делегација. По средбите ќе има и работен ручек.

Како што соопштија од ДУИ, Ахмети и Коѕиас ќе разменат мислења и идеи за добрососедските односи, отворените прашања меѓу двете земји и за евроатлантските интеграции на Македонија. Ахмети ќе биде придружуван од пратеникот Артан Груби, вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Муса Џафери, и од вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими.

Министерството за надворешни работи, пак, вчера за „Мета“ соопшти дека не дало поддршка на патувањето на функционерите на ДУИ во Атина. Реакцијата дојде откако ДУИ испрати соопштение во кое стои дека посетата на лидерот, Али Ахмети, и на владините функционери на Атина е приватна и партиска „исто колку што беше партиска посетата на министерот за надворешни работи, Никола Попоски“.

„МНР не даде, ниту сега дава квалификации за типот, причината или цената на патувањето од едноставна причина што не било информирано за патувањето претходно“, стои во реакцијата што ја добивме од МНР.

Во соопштението од ДУИ се вели дека ова не е прва посета на нивниот лидер и на владини функционери на Атина ниту, пак, е прва средба на Ахмети со министер за надворешни работи на Грција.

„На средбата ќе се дискутира единствено за спорот за името и за конкретните идеи. Наредниот период, додека Македонија има преодна влада, е најдобар за да се направи поместување во спорот за името“, стои во соопштението од ДУИ.

Грчки извори за „Мета“ коментираа дека посетата на Ахмети е на негова иницијатива во рамки на неговите напори да се одржат контактите со меѓународната јавност.

Нашите извори велат дека оваа средба не е некаква порака од грчката влада, ниту нејзина иницијатива и сите клучни работи што требало да бидат кажани, биле разговарани со министерот Никола Попоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...