fbpx
Таг: притвор

таг: притвор

На народниот правобранител не му било дозволено да влезе во затворот во Шутка

Притворениот полицаец бил малтретиран и измачуван од своите колеги при полициската акција во Куманово, информираше денеска народниот правобранител Иџет Мемети, кој обелодени дека во акцијата, меѓу приведените од групата терористи, имало и полицаец кого колегите при носење во затвор го малтретирале. „Имаме сознанија дека над еден приведен е сторено кривично дело мачење. Се работи за државјанин на Република Македонија, кој бил...

Шведскиот врховен суд го продолжи решението за притвор на Асанж

Шведскиот врховен суд ја отфрли жалбата на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, да го поништи решението за негов притвор поради обвинението дека извршил сексуален напад, соопшти судот. Во соопштението се наведува дека одлуката на обвинителот да го испраша Асанж во Лондон влијаело на одлуката на судот да му се продлжи притворот. Асанж, кон средината на април се согласи да биде...

Кривични пријави за 11 учесници на протестите

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека примило две кривични пријави од МВР, поднесени против вкупно единаесет лица. По првата кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против девет лица, за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство. Осомничените делото го сториле во текот на протестите пред...

Притвор за четворицата приведени демонстранти

Основното јавно обвинителство – Скопје им одреди мерка притвор на четворицата приведени од протестите пред Владата што се одржаа во вторникот. „Постапувајќи по поднесената кривична пријава, а за да се обезбеди непречено одвивање на истрагата, од Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1, е поднесен предлог за определување мерка притвор против сите четири осомничени лица, поради постоење околности кои укажуваат на...

Жител на прилепско Коњари силувал 18-годишна девојка

Прилепската полиција поднела кривична пријава против 21-годишниот Ф.К. од селото Коњари, осомничен дека во петокот минатата недела, силувал 18-годишна девојка од Прилеп. Како што информираат од полицијата, на осомничениот Ф.К., кој се товари за силување, судија на претходна постапка му одрерил мерка притвор од 30 дена.

Момчиња од Лојане нападнале и ограбиле мигрант од Авганистан

Тројца жители на кумановското село Лојане се осомничени дека нападнале и ограбиле 20-годишен мигрант од Авганистан во дворот од џамијата во селото, соопшти полицијата. Против Ј.З. (17), М.И. (22) и Ф.Ј. (23) била поднесена пријава за кривично дело разбојништво, а судија на претходна постапка на осомничените им одредил триесетдневен притвор. Според полицијата, осомничените од авганистанскиот државјанин одзеле мобилен телефон и 400...

Скопјанец осомничен за полов напад на осумгодишно девојче

Битолската полиција поднела кривична пријава, а судија на претходна постапка му одредил притвор од 30 дена на Р.Ч. (41), осомничен дека во февруари оваа година извршил полов напад над осумгодишно дете. Од Обвинителството денеска соопштија дека надлежното Основно јавно обвинителство Битола почнало предистражна постапка против осомничениот, кој, како што информираат оттаму, бил родум од Скопје, а делото за кое се...

Скопјанец фатил и предал на полицијата крадец што сакал да му го ограби домот

Триесет и шестгодишен скопјанец е осомничен дека пред една недела се обидел да изврши тешка кражба во куќа на улицата Багдатска, но бил фатен од сопственикот и предаден на полицијата. Како што информираат оттаму, против Б.Б. била поднесена кривична пријава за обид за тешка кражба, а судија на претходна постапка му одредил мерка претивор од осум дена. Според полицијата, осомничениот, на 16...

Судски записничар нудел вработувања за пари

Записничар од Основен суд Скопје 2 лажно му ветил на таксист дека ќе го вработи него и неговиот брат, а за возврат му побарал 4.500 евра. Како гаранција дека ќе ги вработи, им рекол дека е близок пријател со висок фукнционер од МВР. „Од оштетениот побарал 3.000 евра за неговиот брат и 1.500 евра за него, со изговор дека услугата...

Скопјанец фатен додека превезувал 12 илегални мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривичнапријава против Б.Д. (57) од Скопје, кој вчера на патниот правец Гевгелија - Скопје бил фатен како со комби превезува 12 илегални мигранти со потекло од Авганистан, информира МВР. Според полицијата, скопјанецот се товари за нелегален транспорт на мигранти, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од 30 дена. Авганистанските државјани се сместени...

Поднесена кривична пријава за палењето на продавницата во селото Ореше

Велешката полиција поднела кривична пријава против жител на селото Ореше, осомничен дека завчера вечерта ги запалил продавницата и автомобилот, марка „бе-ем-ве“, сопственост на Ѓ.Ѓ. (51) од селото. Како што информираат од полицијата, станува збор за Ѓ.П. (46) од селото, кој, според пријавата, се товари за кривичното дело предизвикување општа опасност. Неофицијално, осомничениот е Ѓоре Петровски, осуден на 13 години затвор во...

Во Кочани силувана 21-годишна девојка

Полицијата се сомнева дека 30-годишниот В.С. силувал 21-годишна девојка од Кочани во нејзината семејна куќа во саботата, во 4.30 часот наутро. Ова кривично дело дело, според полицијата, осомничениот го извршил со примена на сила. Кривичната пријава се темели врз исказот на девојката, која случајот го пријавила во полицијата. На осомничениот за силување В.С., судија на претходна постапка во Основниот суд во Кочани му изрекол...

Верушевски доби уште 30 дена притвор

Ексразузнавачот Зоран Верушевски доби нови 30 дена притвор. Судија во претходна постапка му го определил притворот за делата шпионажа и насилство спрема највисоките државни органи. Одлуката доаѓа по изминувањето на првите 30 дена, кои Верушевски ги издржа во притвор откако беше приведен кон крајот на минатиот месец, под сомнеж за нелегално поседување оружје. Зоран Верушевски е првоосомничен во случајот „Пуч“, заедно со неговата...

Притворен скопјанец, осомничен за препродажба на хероин

Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против 48-годишниот Ф.Џ. од Скопје, осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, информира МВР. На осомничениот судија на предходна постапка му одредил мерка притвор од 30 дена. Според полицијата, осомничениот од непознато лице набавил поголемо количество...

Скопјанец осомничен за злоупотреба на безвизниот режим

Судија на претходна постапка му одредил 30 дена притвор на скопјанецот А.И. (57), осомничен дека организирал и транспортирал македонски државјани во земјите-членки на Европска Унија (ЕУ) како баратели на азил, соопшти МВР. Против А.И., одделението за насилен криминал, односно отсекот за трговија со луѓе при СВР Скопје, поднело кривична пријава за злоупотреба на безвисниот режим со земјите-членки на ЕУ и на шенгенскиот договор. Од...

Триесет дена притвор за новите двајца осомничени во „Пуч“

Судија на претходна постапка им одреди триесет дена притвор на 52-годишниот Ѓ.Л., вработен во Министерството за внатрешни работи, и на З.К. (49), поранешен полициски службеник, кој добил отказ во 2013 година, а кои вчера беа уапсени во рамките на случајот „Пуч“. Како што вчера информираа од МВР, двајцата осомничени биле ангажирани и работеле во корист на странска служба, преземајќи активности...

Притворен скопјанец осомничен за разбојништво

Судија на претходна постапка му одреди 30 дена притвор на скопјанецот Ф.С. (20), осомничен дека на средината од минатиот месец, вооружен со пиштол, ограбил аптека во населбата Чаир, информираат од МВР. Според полицијата, осомничениот на 13 јануари, со закана со пиштол, одзел 18.000 денари од аптеката „Голд мун“ на улицата Благоја Паровиќ. Скопјанецот бил откриен по проверката на снимките од безбедносните камери, а...

Одреден притвор за уште двајца од осомничените во „Пуч“

Скопскиот Кривичен суд, по распитот пред судија во случајот „Пуч“, на второосомничената, Соња Верушевска, сопруга на првообвинетиот, и на третоосомничениот, Бранко Палфиров, функционер во Општина Струмица, им одреди 30-дневен притвор. На четвртообвинетиот во овој случај, Зоран Заев, одредена му е мерка за претпазливост, одземање на пасошот и треба еднаш неделно да се пријавува во струмичкиот суд. Според МВР, со полициската акција „Пуч“ спречен е обид...

Тетовец посредувал во проституција во својот локал

Шеесет и петгодишен тетовец е осомничен дека посредувал во користење сексуални услуги од две албански државјанки на клиенти во неговиот угостителски објект во градот, соопшти МВР. СВР Тетово против М.А.(65), сопственик на локалот „АББА“, поднел пријава за две кривични дела, односно посредување во вршење проституција и помагање странец при незаконит престој, а судија на предходна постапка му одредил притвор од...

Прилепчанец осомничен за седум разбојништва

Судија на предходна постапка му одредил 30 дена притвор на прилепчанецот А.А. (28), осомничен дека во декември, минатата година, извршил седум разбојништва. Според полициските информации, притворениот, во периодот од 12 до 24 декември, насилно ограбил седуммина прилепчани, од кои одзел златен накит во вкупна вредност од 58.000 денари. Против него е поднесена кривична пријава за разбојништво, информираат од МВР.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...