Тројца жители на кумановското село Лојане се осомничени дека нападнале и ограбиле 20-годишен мигрант од Авганистан во дворот од џамијата во селото, соопшти полицијата.
Против Ј.З. (17), М.И. (22) и Ф.Ј. (23) била поднесена пријава за кривично дело разбојништво, а судија на претходна постапка на осомничените им одредил триесетдневен притвор.
Според полицијата, осомничените од авганистанскиот државјанин одзеле мобилен телефон и 400 евра, а при нападот му нанеле расекотина на левата рака.