fbpx

Каде исчезна премиерот: 45 дена го нема Груевски да фрли лопата или да сече лента

-

Еден и пол месец премиерот Никола Груевски го нема во јавноста да отвори некоја нова инвестиција или да пресече црвена лента.

Последен пат Груевски е виден како пушта нова инвестиција на 15 март 2015 година (сабота), на почеток на изградбата на магистралниот гасовод, делница Клечовце – Блок станица 5, кој е дел од проектот за изградба на националниот гасоводен систем во Република Македонија.

Претходно, на 8 март годинава, тој пушти во употреба спортски терени во ОУ „Кузман Јосифовски Питу“.

На 28 февруари, беше и на промоција на нови наслови од проектот „Превод на 1.000 стручни и научни книги“, а еден ден претходно, на 27 февруари, пушти во употреба спортска сала во училиштето „Гоце Делчев“ во село Љубанци.

Еден од одговорите зошто го нема премиерот на вакви настани, може да биде серијата трибини што ги организира ВМРО-ДПМНЕ низ Македонија, а кои почнаа на 15 март годинава, дента кога и премиерот исчезна од јавното пуштање објекти во употреба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...