Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Папуа Нова Гвинеја.
Како што соопшти американскиот Геолошки завод, епицентарот на земјотресот бил на 154 километри јужно од градот Рабаула, на длабочина од 85 километри.
Засега нема извештаи за евентуални жртви и за причинета материјална штета.